(Видео) Драма на аеродром во Сомалија: Патнички авион се преврте на пистата, веднаш се запали

Патнички авион се превртел и се запалил при принудно слетување на аеродромот Адан Аде во Сомалија. За среќа, сите патници преживеале


Илустрација

Авион се превртел и се запалил на меѓународниот аеродром Адан Аде во Сомалија. За среќа, сите 36 патници и членови на екипажот преживеаја, соопшти сомалиската управа за цивилно воздухопловство.
Станува збор за авион Фокер-50, произведен од холандската компанија „Фокер“, која е задолжена и за сервисирање на авионот.

Портпаролот на „Фокер сервис“ изјави дека нема да дава никакви изјави додека трае истрагата за причините за несреќата. Тој исто така додаде дека во согласност со меѓународните регулативи, тие стапиле во контакт со сомалиската управа за цивилно воздухопловство (SCAA) за да ја понудат својата помош во истрагата.

Аеродромот  се наоѓа во областа позната како „Зелена зона“, во која се наоѓаат западните амбасади, американската мисија, како и сомалиските командоси обучени од САД, пишува Дејли мејл.