(Видео) Бура во Баварија: Поплавени подруми, луѓето бегаа од дома


Во Баварија во округот Хоф, прогласена е вонредна состојба поради силна бура проследена со грмотевици и обилни дождови.

Баварскиот Црвен крст јави дека итните служби не можеле да одговорат на сите повици со оглед на тоа што голем број луѓе повикале помош. Но, додаваат дека ќе дадат сѐ од себе да стигант секаде каде што се потребни.

Полициската управа на Хоф потврди дека имаат непогода, но за сега главен проблем се поплавени подруми и улици/ Еден апт е затоврен поради обилните дождови. Во близина на Хоф има опасност од пад на градежна дигалка, а на местото се пошарникари и службите за техничка помош.

Засега нема жртви
Селбиц во Хоф е меѓу заедниците кои се најмногу погодени од невремето, а пожарникарите се соочиле со постојани повици за помош, испумпување вода и набавка на вреќи со песок.

Некои од жителите биле принудени привремено да го напуштат живеалиштето. До сега нема пријавени жртви, додава полицијата.