Украинците погодиja со ракети ХИМАРС група руски војници, 60 загинати
Украинската армија изврши напад од лансираните ракетни системи ХИМАРС на насобрани руски војници во регионот Херсон. Соодветните видеа се појавија на украинските социјални мрежи вечерта на 21 февруари.
Според украинскиот проект „Осинт“, нападот бил извршен на полигон лоциран во близина на селото Подо-Калиновка во окупираниот дел на Херсонската област. Извор на руската служба на Би-Би-Си во украинските специјални служби, кои работат во насока Херсон, потврди за медиумот дека украинската армија погодила концентрација на руски војници во близина на селото Подо-Калиновка.
Според украинското издание „Зеркало недели“, на полигонот се одвивала заедничка обука на три единици на руската армија, а водачите на руската група трупи „Днепр“ требало да дојдат таму на проверка.
Според украинските набљудувачи, цитирани од „Зеркало недели“, загинале најмалку 60 руски војници. Нема независна потврда за оваа информација.
Руското Министерство за одбрана не го коментираше нападот на полигонот.
Another mass "sudden death syndrome" occurred this time in the Kherson region
Life teaches the Russian occupiers nothing, so they again decided to gather en masse at an open training ground in the range of Ukrainian missiles. The result you can see in the video. https://t.co/c8nTh8VYKY pic.twitter.com/cXPsoImJ3k
— NEXTA (@nexta_tv) February 22, 2024
Наталија Гумењук, претставник на одбранбените сили на јужна Украина, изјави на украинската телевизија дека „најмалку 60 напаѓачи дефинитивно нема да се вратат на борбените позиции“.
На 20 февруари, украинските вооружени сили нападнаа полигон за обука на руската армија во близина Волноваха во самопрогласената ДПР. Во моментот на ударот, според Би-би-си, на полигонот имало три чети војници кои чекале да пристигне генерал. Најмалку 68 руски војници од 36-та моторизирана стрелачка од Трансбајкалската територија биле убиени во нападот.