Уапсена Грета Тунберг


Грета Тунберг, шведска активистка за климатски промени, беше приведена денеска за време на големите демонстрации во Холандија во Хаг.

Покрај Тунберг, локалната полиција приведе и голем број други демонстранти кои се обиделе да го блокираат главниот пат, пренесува Ројтерс.

Организацијата Ektinction Rebellion (XR) претходно објави дека ќе го блокира патот Утрехцебаан (А12) во Хаг за време на денешниот протест во знак на протест против владината поддршка за индустријата за фосилни горива.

„Компаниите како Шел, Тата Стил и КЛМ добиваат огромни попусти за користење на нафта, гас и јаглен во Холандија. Ова изнесува помеѓу 39,7 и 46,4 милијарди евра годишно само во Холандија. На глобално ниво, ММФ резервира за 2022 година сума од седум милијарди долари за овие цели.На овој начин се поддржува и стимулира користењето на извори на енергија чиишто емисии предизвикуваат климатска и еколошка криза“, се наведува во соопштението на организацијата XR, а пренесува порталот НТ.

Во ноември минатата година, Тунберг присуствуваше на климатскиот марш во Амстердам заедно со десетици илјади луѓе.

Еден човек потоа го прекина нејзиниот говор во кој таа се занимаваше со војната во Газа, велејќи дека тој не дошол „на политички митинг“.

Кон крајот на март годинава, климатски активисти од организацијата XR се обидоа да го блокираат патот А10 во Амстердам во близина на поранешното седиште на компанијата ИНГ, но блокадата не успеа, а полицијата уапси повеќе од 25 лица.