Триумф на „Номадленд“ на Оскарите: Најдобар филм, режија и главна женска улога


Најдобра режисерка е Клои Жао, најдобра актерка е Френсис Мекдорманд, а најдобар актер е Ентони Хопкинс

САД– „„Номадленд“ на Клои Жао триумфираше синоќа на доделувањето на 93. Оскари во Лос Анџелес кои заради Ковид беа поинакви, но гламурозни и возбудливи.

„Номадленд“ е прогласен за најдобар филм, а Жао за „Номадленд“ го освои Оскарот за најдобра режија и таа втора режисерка по Кетрин Бигалоу која во 2009 година за филмот „Шкафче на болката“ доби Оскар за режија и за најдобар филм.Најдобра женска улога имаше Френсис Мекдорманд за улогата во филмот „Номадленд“, а најдобра машка главна улога имаше Ентони Хопкинс за филмот „Татко“, кој по три децении го добива вториот Оскар по „Кога јагнињата ќе стивнат“ каде маестрално ја одгра улогата на канибалот Ханибал Лектор.

Френсис Мекдорманд го освои својот трет Оскар на синоќешната церемонија во Лос Анџелес на доделување Оскари, со што ја потврди својата репутација како една од најдобрите актерки од нејзината генерација. Со тоа им се придружи на Мерил Стрип, Даниела Деј Луис и Џек Николсон, единствените активни актери кои освоиле три Оскари. Пред нив е само покојната Кетрин Хепберн со четири Оскари.

Оскарот за најдобар интернационален документарен филм го освои данскиот документарец „Уште една рунда“.

Најдобар актер во споредна машка улога е Даниел Калуја за филмот „Јуда и црниот Месија“, најдобра актерка во споредна улога е Ју Џунг Јун за филмот „Минари“.

Оскарот за најдобро адаптирано сценарио и првиот Оскар отиде кај филмот „Надежна млада жена“ на сценаристката и истовремено и актерка Емералд Фенел. Емералд ја толкуваше улогата на Камила Паркер Боулс во серијата „Круна“. Оскарот за оригинално сценарио отиде кај сценаристите на филмот „Татко.“  За најдобра филмска песна Оскарот го доби филмот „Се борам за тебе“ од филмот „Јуда и црниот Месија“.

Со 36 номинации оваа година најдоминантен беше „Нетфликс“, а меѓу филмовите, „Менк“, освои номинации во десет категории. 

Без водител и публика Оскарите во Лос Анџелес за првпат во историјата добија нов формат. Номинираните беа без маски на самата церемонија која се одржа на две локации во градот, театарот „Долби“ и главната железничка станица.

Годинава меѓу презентерите беа Харисон Форд, Бред Пит Хали Бери, Лорна Дерн, Рене Зелвегер, Јоаким Финикс, Дон Чидл, Анџела Басет Марли Матлин, Рита Морено, БонгЈо-Хо кој лани доби Оскар за најдобар филм за „Паразит“. (Според агенциите)