Трет бран во ЕУ: Франција критично, Полска и Белгија воведуваат построги мерки

Франција, погодена од третиот бран зараза од корона вирус, се наоѓа на епидемиолошки „критична“ точка, па денеска дополнително го ограничи движењето, а заострени се и епидемиолошките мерки во Белгија и Полска.
Премиерот на Франција, Жан Кастекс рече дека третиот бран не престанува да расте, што Франција ја доведува до „критична“ состојба.
Француските власти од денеска ги заострија контролите на аеродромите и на напралтните куќички на автопатите за да ги надгледуваат мерките за ограничувања нво сообраќајот.
Мерките кои се на сила во 16 од 101 департман, вклучително и Париз и парискиот регион, во петок на почноќ се проширени на уште три департмани.
Во тие зони на движење тоа е ограничено на 10 киломтери, како и напуштањето на департманот без оправдана причина. Дуќаните се затворени, а одделенијата преполовени.
За разлика од останатите земји во Европа, Франција одлучи да ги остави училиштата отворени, поради стравот дека голем број ученици би биле лишени од квалитетно образование како и поради ментални проблеми кои се појавуваат кај младите поради затоврањето.
Во остатокот од Фрнција на сила е полициски час од 19 часот до 6 часот наутро. Баровите, рестораните и културните места се затворени во цела земја.
Нови мерки во Белгија и во Полска
Поради третиот бран на епидемијата Шпанија бара негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, за сите кои по копнена граница влегуваат од Франција.
Белгија воведува забрана за сите работи кои се извршуваат контактно, посебно за фризерските салони, со исклучок на медицинскиот персонал.
Освен продавниците со храна, аптеките и книжарниците, сите останати се затвораат.
Полска одлучи да ги затвори градинките, големите продавници со мебел, како и железарите, но и продавниците за алати и машини за домот и околината. Исто така, се затвораат козметичките и фризерските салони.
Во црквите дозволено е едно лице на 20 метри квадратни, место досегашните 15.