Трамп прави сопствена друштвена мрежа
Поранешниот американски претседател Донад Трамп, кој е суспендиран од Твотер и другите социјални мрежи по нападот на Капитол на 6 јануари, планира да отвори сопствена платформа за два-три месеци, рече еден негов виш советник.
Џејсон Милер, портпарол на кампањата на Трамп, рече дека тој ќе се врати во просторот на социјалните мрежи со сопствена платформа која „потполно ќе ја промени играта“.
Тој не изнесе дополнителни детали.
витер минатата недела објави дека ќе бара мислење од јавноста за тоа кога и како треба да се забрани пристап на светските лидери, додавајќи дека ја преиспитуваат сопствената политика и разгледуваат дали за челниците треба да важат истите правила како и за другите.
Твитер, Фејсбук и другите беа под лупа поради своето постапување кон продилите на политичарите и владините функционери откако на Трамп му забранија пристап поради поттикнување насилство.
Фејсбук, кој на неодредено време во јануари го суспендираше Трамп, побара од своето независно надзорно тело да одлучи дали треба забраната и понатаму да остане на сила.