Трамп го потпиша указот со кој САД имаат приоритет при вакцинирањето


САД– Од страв дека САД може да останат без доволно вакцини, американскиот претседател Доналд Трамп вчера го потпиша указ со кој на домашните коминтенти ќе им се даде предност при доставувањето вакцини против Ковид-19, во однос на извозот во други земји.

-Декретот осигурува дека американската Влада дава приоритет на вакцинирањето на американските граѓани, пред вакцините да бидат испратени во други земји, рече Трамп.

Производителот Фајзер / БиоНТек, чија вакцина против коронавирусот деновиве треба да биде одобрена во САД, има договор за 100 милиони дози наменети за оваа земја.

И вториот производител, Модерна, чија вакцина наскоро треба да биде одобрена и во САД, ги вети истите 100 милиони дози.

Двата договори содржат опција за дополнителни дози, но активирањето на таа клаузула може да ја одложи испораката за неколку месеци.