Тинејџерки обвинети за убиство: Со електрошокер нападнале возач на „Убер“

Две тинејџерки се обвинети за смрт на возач на „Убер“ оваа недела во Вашингтон, јави локалната полиција, пренесе Си-ен-ен.
Мохамед Анвар (66) од Спрингфилд загина во вторникот попладне во близина на Националниот парк, стои во полициското соопштение.
Тој работел како возач на „Убер“, стои на страницата GoFundMe која ја постави неговото семејство.
„Разочарани сме од оваа трагична вест“. Благодарни сме што осомничените се уапсени и ѝ благодариме на полицијата за нејзината работа“, рече портпаролот на „Убер“.
Го нападнале со електрошокер
Тинејзерки на возраст од 13 и 15 години, го нападнале Анвар со електрошокер при кражба на автомобил што довело до несреќата во која тој смртно настрадал.
Девојките се обвинети за убиство и оружен грабеж на автомобил.
Анвар бил имигрант од Пакистан, а во САД пристигнал во 2014 година.
„Беше сакан сопруг, татко, дедо чичко и пријател. Зад себе го остави семејството кое го сака и на кое му недостасува“, велат членовите на неговата фамилија.