Еврокомесарот Вархеи во Софија, па во Скопје


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи од денеска до 28 април ќе ги посети Хрватска, Бугарија, Северна Македонија и Албанија. Како што стои на календарот на негови активности на веб – страницата на ЕК, еврокомесарот Вархеи за време на престојот во Загреб, Софија, Скопје и Тирана ќе одржи билатерални разговри, а во Софија ќе учествува на […]

Почувствуван земјотрес во Скопје, ја затресе БиХ со 5,7 степени


Велерва, во 23.07 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје, а  жителите на главниот град, особено оние кои живеат на повисоките катови на социјалните мрежи постираат видеа од разнишани лустери.  Земјотресот што го почувствуваа скопјани, најверојатно беше со епицентар во Херцеговина. Односно, во близина на Мостар и Требиње. Според првичните информации земјотресот бил со јачина од […]

Тројца скопјани каснати од куче


Три лица од Скопје пријавиле случај на каснување од куче. На 21.04.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.Ј.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Бледски договор“ бил каснат од куче скитник. На 21.04.2022 во 14.10 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.А.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Серава“ нејзината малолетна ќерка била касната од […]

ДУИ обвинува дека била суспендирана двојазичноста во Скопје


  Последните постапки на директорот на КИЦ во Скопје ДУИ ги оквалификува како суспендирање на двојазичноста во главниот град и дека тоа заеднички го направиле Алијансата за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, Беса и Левица. Зборувајќи на шрес-конференција во Собранието, шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми, рече дека Алијанса за Албанците и Беса покажуваат политичка незрелост […]

Ќе дојде латвискиот претседател, три дена Скопје под сообраќаен режим


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани […]

Утре без струја делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 19.04.2022 година (вторник) поради планирани зафати во дистрибутивниот систем без напојување ќе останат: – во време од 08.00 – 10.00 часот стопанските објекти во делот на Момин Поток – „Синтек“ и СИЗ „Македонија“ (Карпош); – од 8.30 – 14 часот дел од ул. „Пандил Шишков“ – бр. […]

Најстудено на Попова Шапка, снег во Ѓуриште


Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, во Маврови Анови и во Крушево се измерени -2, во Берово 1, а максимални шест степени се регистрирани во Гевгелија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека висината на снежната покривка во 8 часот во Ѓуриште е еден сантиметар. Најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал […]

(Фото/Видео) Локализиран пожарот во кругот на „Треска“, се утврдува како настанал


Пожарот во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје е локализиран и речиси целосно изгаснат, благодарение на брзата реакција на надлежните, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој излезе на терен, изврши увид и помагаше при гаснењето на пожарот. Противпожарната бригада, како што соопшти Општина Центар, го гаснеше пожарот со десет возила, […]

Од претресите во Скопје и скопско, приведени двајца нарко дилери, пронајден кокаин и марихуана


Две лица се приведени, по едно се трага, а запленети се повеќе килограми марихуана и полиетиленски пакувања кокаин по вчерашната акција на МВР во повеќе локации во Скопје во Арачинови и Радуша. Од МВР соопштија дека врз основа на наредби од судија на претходна постапка полицијата извршила претреси на шест локации во Скопје, Арачиново и […]

Градот Скопје ќе изработува проект за поставување на фотоволтаична централа


  Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои Планот за енергетска  ефикасност на Градот Скопје за 2022 година.  Главна цел на Планот за енергетска ефикасност на Град Скопје е постигнување повисок степен на решавање на состојбите во областа на енергетската ефикасност, а со тоа подобрување на состојбата во сферата на животната средина, заштита […]

Град Скопје ќе воспоставува систем за управување со отпад со општините од Скопскиот плански регион


Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за склучување на Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво. Со оваа одлука се предвидува Градот Скопје да склучи Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво со општините во рамки на Градот Скопје, […]

Не паркирајте под високи дрва, се очекува засилен ветер и дожд


По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на засилен јужен ветер над 60км/час и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денес и утре, од ЈП „Паркови и зеленило“ упатуваат апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила под високте дрвја, со цел да се избегнат несакани последици. Исто така, доколку […]

Прегазен велосипедист кај Тутунски


Велосипедист е прегазен во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово на раскрсницата кај Тутунскиот комбинат во Скопје.  Според очевидци на настанот едно лице со возилото на Брзата помош е пренесено во болница, а велосипедот e целосно уништен.  Полицијата во моментов врши увид на местото, а повеќе информации за несреќата се очекуваат во текот на денешниот […]

Биомасата најголем загадувач на воздухот во Скопје


Биомасата, транспортот и индустријата најмногу придонесуваат за загадување на воздухот во главниот град, покажала студијата изработена со софистицирана лабораториска опрема на Универзитетот „Гоце Делчев“. – Боиомасата е еден од најголеми загадувачи во Скопје. Во меѓувреме се вели исто така дека и транспортот е еден од најголемите проблеми и индустријата, како и неконтролирано греење на масло. […]

Се реконструираат тротоари, рабници, а се асфалтираат велопатеки


Екипите на ЈП „Улици и патишта“  деновиве продолжуваат да работат на  подготовка  за асфалтирање на дел од пешачката и на вело патеката, како и на ископ и поставување рабници  на булеварот „Србија“. На булеварот „Гоце Делчев“  пред  катната гаража Судска палата  екипите  продолжуваат со следната фаза при  реконструкција на тротоарот  и отстранувањето на оштетените плочки […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај, поради одржување на атлетска трка на 10 км – „Водно 10К“. Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Трката е о организација на атлетски клуб „Фортиус“, а како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на […]

Културата во фокусот на состанокот на Четвртата работна група за соработка меѓу Македонија и Бугарија во Софија


Во Софија, Република Бугарија, денеска, 22.3.2022 г.,  ќе се одржи третиот состанок на  Четвртата работна група за билатерална соработка меѓу двете земји, која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот. На состанокот ќе учествуваат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на Националната агенција за европски образовни програми […]

Сред најголем сообраќаен метеж, почна големото чистење на Скопје


Од Чешма во Кисела Вода, но сред сообраќаен метеж беа донесени педесетина улични чистачи и триесетина специјализирани возила, со што се најави генералното чистење на скопските улици и булевари. Од пред споменикот на Тодор Александров се дигнаа облаци прашина, се отворија одводните шахти, а по должина на булеварот „Борис Трајковски“ се отворија шахтите кои ја […]

„Дрисла“ купи два булдожера и два натоварувачи


Побрзо третирање на отпадот и заштеда од досегашната пракса на изнајмување на градежни машини од надворешни компании е придобивката од набавката на четири нови машини во Јавното претпријатие Дрисла. Обезбедени се два булдожери и два натоварувачи со што значително ќе се подобри третирањето на отпад во депонијата. Претпријатието Дридла дејност обавуваше со стара опрема што […]

Во Скопје идната недела продолжуваат разговорите со Бугарија, македонската страна со јасни усогласени ставови


Разговорите со Бугарија за отворените политички прашања продолжуваат следната недела, со посетата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје на 23 и 24 март. Северна Македонија во процесот на разговори настапува со јасни усогласени ставови во однос на отворените прашања. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера на средба со новинарите, најавувајќи ја […]