Прегазен велосипедист кај Тутунски


Велосипедист е прегазен во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово на раскрсницата кај Тутунскиот комбинат во Скопје. 

Според очевидци на настанот едно лице со возилото на Брзата помош е пренесено во болница, а велосипедот e целосно уништен. 

Полицијата во моментов врши увид на местото, а повеќе информации за несреќата се очекуваат во текот на денешниот ден. 

Од РСБСП неодамна информираа дека секоја година десетици велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди и апелираа за безбедно и одговорно учество во сообраќајот.