Се реконструираат тротоари, рабници, а се асфалтираат велопатеки


Екипите на ЈП „Улици и патишта“  деновиве продолжуваат да работат на  подготовка  за асфалтирање на дел од пешачката и на вело патеката, како и на ископ и поставување рабници  на булеварот „Србија“.

На булеварот „Гоце Делчев“  пред  катната гаража Судска палата  екипите  продолжуваат со следната фаза при  реконструкција на тротоарот  и отстранувањето на оштетените плочки од постојната патека што ќе се асфалтира. Активностите за санација и реконструкција на пешачките патеки во градски парк исто така продолжува,како и санацијата на средишните жардиниери на градските сообраќајници.

Во текот на  наредните денови  на булеварот „Босна и Херцеговина“ ќе се изведуваат градежни работи за поставување инсталација и шахти за семафори.

Санација и обнова на оштетените заштитни столбови имаше на улиците и булеварите во Централното градско подрачје.

Редовната контрола и обиколка на вертикалната и светлосна сигнализација се изведува секојдневно и во согласнот од потребите на теренот се интервенира со замена или обнова на целосно нова сигнализација.