Најстудено на Попова Шапка, снег во Ѓуриште


Фото: Б. Грданоски

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, во Маврови Анови и во Крушево се измерени -2, во Берово 1, а максимални шест степени се регистрирани во Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека висината на снежната покривка во 8 часот во Ѓуриште е еден сантиметар.

Најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Демир Капија, каде се измерени 10 литри на метар квадратен, во Скопје-Петровец и Пожаране 9 литри, во Маврови Анови 8 литри. По нив, според мерењата на УХМР,  следат Битола со 6 литри, Берово со  5, Гевгелија и Крушево со 4 литри, Крива Паланка со три, Тетово и Попова Шапка со два и во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Куманово со литар на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој по должина на Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд попладне и со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.