Арсовска ги исчисти депониите во Скопје, таа во Шуто Оризари не ја виде


Во 82 дена, од почетокот на мандатот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, исчистени се над 150 диви депонии, од кои 120 се детектирани депонии за време на кампањата, но и диви депонии за кои пристигнале пријави од граѓани, рече таа на денешната презентација на сработеното за првите 82 дена, но за депонијата во Шуто …

Арсовска ги исчисти депониите во Скопје, таа во Шуто Оризари не ја виде Read More »

Засилени инспекциски контроли за сузбивање на дивите превозници 


Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници од кои на шест им се изречени казни.  Воедно екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на …

Засилени инспекциски контроли за сузбивање на дивите превозници  Read More »

Скопје со песните на „Парни ваљак“- последно збогум за Аки Рахимовски (фото)


Центарот на Скопје денес ечеше со легендарните песни на „Парни ваљак“, а така ќе биде и до вечер кога од 18 до 19:30 часот, е закажан главниот собир  кога хорови, пејачи и пријатели заеднички ќе отпеат некои од најголемите хитови на бендот. Фанови, почитувачи на нивната музика, меѓу нив и пријатели и колеги од домашната …

Скопје со песните на „Парни ваљак“- последно збогум за Аки Рахимовски (фото) Read More »

Завиткани палмите крај Вардар


Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве превентивно ги заштитија крошните на палмите на кејот на Вардар поради најавата на пониски температури, објавено е на нивниот Фејсбук профил. Инаку палмите беа поставени на градскиот кеј од 2015 година, но голем дел од нив не ги преживеаја условите кои ги наметнува нашето поднебје. Во Скопје беа …

Завиткани палмите крај Вардар Read More »

Македонија на плоштад ќе се збогува од Аки Рахимовски


Во среда, 26 јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски. Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на …

Македонија на плоштад ќе се збогува од Аки Рахимовски Read More »

Инспекторатот на Град Скопје изврши 18 надзори на терен по основ на комунални и други такси


Екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатиов период извршија 18 надзори на терен по основ на комунални и други такси. Притоа, изречен е еден прекршочен платен налог на станица за технички преглед. Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини. …

Инспекторатот на Град Скопје изврши 18 надзори на терен по основ на комунални и други такси Read More »

Формиран е Градски eко совет – Зелен совет на Град Скопје


Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и …

Формиран е Градски eко совет – Зелен совет на Град Скопје Read More »

Водата за пиење во Скопје квалитетна и безбедна


Водата за пиење во Скопје одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, посочуваат резултатите од неделниот лаборатортсиски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје согласно анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.01.2022 до 21.01.2022 зема 146 примероци за физичко-хемиска и …

Водата за пиење во Скопје квалитетна и безбедна Read More »

Скопје се разбуди со снег, фрлени 300 тони сол


Екипите  на зимската служба од ноќеска и утрово се на терен и ги чистат булеварите и улиците под надлежност на Градот,  и тие се чисти и проодни. Од почетокот на врнежите на снег до сега се фрлени 300 тони индустриска сол. Чистењето на сообраќајниците и тротоарите го вршат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, …

Скопје се разбуди со снег, фрлени 300 тони сол Read More »

Скопје и Париз испишуваат ново поглавје со инвестиција од 270 милиони евра за соларен парк


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер, на која беше истакнато дека од 2020 година, по средбата на францускиот претседателот Емануел Макрон со поранешниот премиер Зоран Заев, Франција и Северна Македонија испишуваат ново поглавје на соработка кое се рефлектира со првата инвестиција со соларниот парк …

Скопје и Париз испишуваат ново поглавје со инвестиција од 270 милиони евра за соларен парк Read More »

Бугарија се согласи на кусото име Северна Македонија


  Само што се видоа, македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков се договорија околу едно од спорните прашаења. На заедничката прес-конференција тие објавија дека се договориле Бугарија веќе да не се противи на употребата на скратеното име Северна Македонија и да не инсистира на употреба само на официјалното „Република Северна Македонија“. Тоа беше …

Бугарија се согласи на кусото име Северна Македонија Read More »

Во Скопје ќе се реконструираат 10 километри улици


Град Скопје најави целосна реконструкција на улици во должина од 10 километри во првите 100 дена од новиот мандатот на градоначалничката Данела Арсовска. Станува збор за сообраќајници кои долги години не биле реконструирани, а граѓаните секојдневно се соочуваат со оштетени асфалтни површини кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот на граѓаните и ги оштетуваат возилата, соопштија …

Во Скопје ќе се реконструираат 10 километри улици Read More »

Парно ќе има, објави новиот мандатар Ковачевски


По најавите на БЕГ дека нема пари за гас, а со тоа ни парно за скопјани, новиот мандарат Димитар Ковачевски објави дека цела грејна сезона ќе обезбедат греење во главниот град. – Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како …

Парно ќе има, објави новиот мандатар Ковачевски Read More »

Политички хорор на минус десет степени


Општествено одговорна компанија. Така се нарече себеси БЕГ, снабдувачот на скопјани со централно греење, кога нѐ извести вчера дека има гас само за еден ден и дека баш кога ќе се избира новата влада, ќе ги исклучат радијаторите. За разлика од Ненадлежна Арсовска, која мисли дека треба да биде само набљудувач на кризите и цел …

Политички хорор на минус десет степени Read More »

Пингвини со порака се прошетаа низ Скопје


„Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација„ е насловот на новата уметничка акција посветена на проблемот со парното греење во Скопје. Акцијата се состои од група пингвини кои се шетаат низ Скопје и всушност ги претставуваат Скопјани кои во последно време се соочуваат со се поладни радијатори во своите домови со што нивните  домовите наместо …

Пингвини со порака се прошетаа низ Скопје Read More »

Со грант од ЕБОР ќе се испитува состојбата на канализационата мрежа во Скопје


Со потпишувањето на грантот од 1 милион евра, обезбедени од фондот на ЕБОР – канцеларијата во Шведска во рамките на програмата за животна средина, ЈП Водовод и канализација – Скопје започна со теренски активности за испитување на влез на вода и инфилтрација (Inflow and Infiltration Study), во канализационата мрежа на градот, во рамките на проектот …

Со грант од ЕБОР ќе се испитува состојбата на канализационата мрежа во Скопје Read More »

Општините потрошија 72.000 евра за новогодишни пакетчиња, само Скопје – 10.000 евра


За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. Тендери за …

Општините потрошија 72.000 евра за новогодишни пакетчиња, само Скопје – 10.000 евра Read More »

Послаб земјотрес почувствуван во Скопје


Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала утрово околу 8 часот се осети во Скопје. Според првичните информации, неговиот епицентар е на 12 километри од Скопје: M2.5 #earthquake (#земјотрес) strikes 12 km SE of #Skopje (North Macedonia) 8 min ago. Read eyewitnesses' stories & share yours: https://t.co/FxMJw4vjSd — EMSC (@LastQuake) January 12, 2022 …

Послаб земјотрес почувствуван во Скопје Read More »

Посетата на Петков на Скопје се одложува откако замина во изолација


  Поради тоа што е во самоизолација бугарскиот премиер Кирил Петков нема да допатува во Скопје на 18 јануари како што беше планирано. Од прес-центарот на бугарската влада за БНТ соопштија дека посетата на Скопје не се откажува, туку дека се одложува, но не е јасно за кога. Премиерот Петков и претседателот Румен Радев заминаа …

Посетата на Петков на Скопје се одложува откако замина во изолација Read More »

(Галерија) Зимата ги покажа забите


  Некои го посакуваа за новогодишната ноќ, или барем за Божик, но снегот сепак доаѓа на време, додека трае зимскиот распуст за да може да му се израдуваат најмладите. Врнежите во текот на вчерашниот ден во Скопје не беа доволни да се формира снежна покривка, па оние најзагреаните за снежни лудории поитаа кон Водно, или …

(Галерија) Зимата ги покажа забите Read More »