Предизборна опомена од Брисел


Александра М. Митевска Во присуство на четворица владини членови, во Брисел деновиве, всушност, ѝ беше пратена порака на македонската опозиција. Нејзини претставници, пак, вчера заминаа исто така во белгиската престолнина за да присуствуваат на состанокот на Европската народна партија, на чиј дневен ред најжешка точка беше предлогот за суспензија, па и за можно исклучување на …

Предизборна опомена од Брисел Read More »

Кој е потежок ривал за Пендаровски – Иванов или Силјановска?


Иако зад неговата кандидатура застанаа повеќе од 60 пратеници, колку што се потребни и за формирање собраниско мнозинство или за избор на влада, првиот консензуален кандидат за претседател, Стево Пендаровски, од денеска ќе собира и 10 илјади потписи за поддршка на неговата втора номинација за шеф на државата. Поддршката што ја доби во парламентот во …

Кој е потежок ривал за Пендаровски – Иванов или Силјановска? Read More »

Роднините не тежат 40 проценти


Александра м. Митевска Многумина, веројатно, почувствувале олеснување кога ја слушнале дефинитивната одлуката на СДСМ дека нема предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Сигурно му олесни и на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, кој повеќе маркетиншки бараше нешто што се надеваше дека нема да го добие. Затоа што, ако го добиеше, потешко би можел да стимулира тивок …

Роднините не тежат 40 проценти Read More »

Баукот со цензусот повторно кружи низ Македонија


Владејачкиот СДСМ, веројатно, до последен момент ќе одлучува околу својот кандидат за шеф на државата, пред конгресот најавен за 3 март. Овој датум беше определен на неодамнешната седница на Централниот одбор, иако, наводно, имало размислувањаи конвенцијата да се одржи десетина дена подоцна, со оглед на тоа што кандидатурите треба да се достават до ДИК 30 …

Баукот со цензусот повторно кружи низ Македонија Read More »

ВМРО-ДПМНЕ не е за бојкот ни во прв ни во втор круг


ВМРО-ДПМНЕ не се возбудува од „заканите“ на премиерот Зоран Заев дека, доколку пропаднат претседателските избори напролет, парламентарниот спикер Талат Џафери ќе ја наследи функцијата од Ѓорѓе Иванов, а потоа ќе се смени Уставот со што „татко на нацијата“ би се избирал во парламентот, а не на непосредни избори. Во најголемата опозициска партија сметаат дека станува …

ВМРО-ДПМНЕ не е за бојкот ни во прв ни во втор круг Read More »

Се бара кандидат што ќе го пробие „консензуалниот праг“


Можна ли е своевидна реприза на резултатите од септемврискиот референдум на претседателските избори што треба да се одржат напролет следната година? Тоа е дилемата што се наметнува додека од политичките кулоари излегуваат нови комбинаторики околу можните кандидати за шеф на државата, при што се споменуваат имиња и профили што би можеле да го поминат и …

Се бара кандидат што ќе го пробие „консензуалниот праг“ Read More »

Сега виси и цензусот за претседател


Повеќе од 720.000 граѓани треба да излезат на гласање на претседателските избори напролет за новиот „татко на нацијата“ да добие легитимитет. Цензусот за успешни избори, кој во споредба со референдумскиот е помал за десет проценти (40 наспроти 50 отсто), во моментов изгледа како мисловна именка за разочараното гласачко тело. Спектакуларното бегство на експремиерот Никола Груевски …

Сега виси и цензусот за претседател Read More »

Референдумот успеа, цензусот не


Со поделени оценки околу успешноста финишираше вчерашниот референдумски ден во Македонија. Премиерот Зоран Заев го претстави како успешно гласањето во кое учествуваа близу 35 проценти од запишаните гласачи од кои огромно мнозинство, над 90 проценти заокружија „за“ на прашањето „Дали сте за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ со прифаќање на договорот од …

Референдумот успеа, цензусот не Read More »

Не е сè во цензусот


Александра М. Митевска Во јануари 2012 година, во Хрватска, која едно време чекореше рамо до рамо со Македонија по евроатлантската патека, се одржа референдум за пристапување во ЕУ – околу половина година откако земјата ги заврши преговорите со Унијата. На референдумот излегоа 43,5 проценти од запишаните гласачи, од кои нешто повеќе од 66 проценти беа …

Не е сè во цензусот Read More »

Шестотини илјади гласа „за“ ќе му дадат легитимитет на референдумот


Доколку има еден глас против повеќе на референдумот, Владата ќе се поклони и ќе каже „оваа работа не поминува“. Ако мнозинството каже „да“, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено предвид, но процедурата ќе се врати во Собранието. Само неколку часа по оваа изјава на шефот на дипломатијата Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ …

Шестотини илјади гласа „за“ ќе му дадат легитимитет на референдумот Read More »

Мицкоски за „Независен“: Референдумот нема да успее


Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски стравува дека со најавените уставни измени, покрај менувањето на името, ќе дојде и до редефинирање на државата со што Македонија ќе стане бинационална творба. Покрај тоа, изразува сомнеж дека премиерот Заев договорил нова бенефиција за албанската заедница во пресрет на претседателските избори. Повторува дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е непроменлив: тие …

Мицкоски за „Независен“: Референдумот нема да успее Read More »

На референдумот треба да се исполнат два услова


Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК. На новинарско прашања дали има разлика во условите кои треба да се исполнат кога …

На референдумот треба да се исполнат два услова Read More »

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме тоа


Ако референдумот биде успешен и мнозинството гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна и ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува, рече вечерва лидерот на партијата Христијан Мицкоски на вечерашната дебатна емисија на ТВ 21. – Ако референдумот е успешен и ако мнозинството граѓани се изјаснат „за“ дека го поддржуваат сето ова, тогаш ситуацијата …

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме тоа Read More »

Заклучен избирачкиот список – цензусот тежи 903.169 гласови


Државната изборна комисија го заклучила викендов избирачкиот список за престојниот референдум. Право на глас на 30 септември имаат вкупно 1.806.336 избирачи. Според тоа, за да се постигне предвидениот цензус од 50 проценти плус еден глас, на референдумот треба да излезат најмалку 903.169 гласачи. Престојниот референдум за договорот за името е консултативен, што според референдумската регулатива, значи …

Заклучен избирачкиот список – цензусот тежи 903.169 гласови Read More »

Што ќе натежне – гласовите „за“ или цензусот ?!


Што ќе биде ако на 30 септември на гласање излезат, на пример, 890 илјади граѓани и 800 илјади од нив заокружат „да“? Дали таа респектабилна поддршка за договорот за името и за членството во ЕУ и во НАТО може да отиде во ветар само поради тоа што на референдумот не излегле барем 903 илјади гласачи? …

Што ќе натежне – гласовите „за“ или цензусот ?! Read More »

Референдумот ќе ја отслика и ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе одлучува до последен миг


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, според партиски извори, е во постојани консултации со членството и со експерти околу настапот на партијата во текот на референдумската кампања. Сепак, во наредните десетина дена не се очекува опозициската партија да излезе со конкретен став околу тоа каква порака ќе им испрати на своите поддржувачи околу (не)учеството на референдумот. Одлуката за …

Референдумот ќе ја отслика и ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе одлучува до последен миг Read More »

И без цензус, уставните промени одат во Собранието


Имало или немало цензус на претстојниот референдум за името, потребните уставни измени за реализација на договорот ќе влезат во Собранието. Пратениците ќе имаат можност да гласаат за нив, дури и доколку пропадне референдумското изјаснување. Ваквите срамежливи најави, кои можеа да се слушнат од партиските кругови веднаш по потпишувањето на договорот за името со Грција во …

И без цензус, уставните промени одат во Собранието Read More »

Избори со референдум – последен адут за цензус


Партиите се пикнаа во своите ровови и подготвуваат стратегија пред клучната лидерска средба, која ќе се одржи во понеделник. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се сретна во четвртокот вечерта, а најавени се интензивни разговори и за време на викендот. Од тие причини е откажан митингот во недела во Кичево со образложение дека нема логика на протестот …

Избори со референдум – последен адут за цензус Read More »

Кој ќе брка цензус – Заев или Мицкоски ?


Отворени се сите опции во врска со референдумското прашање за договорот за името. Сѐ зависи од тоа каков договор ќе постигнат партиите околу претстојното плебисцитарно изјаснување на граѓаните, вели за „Независен весник“ висок владин функционер. Тој не исклучува можност прашањето да биде негативно, како на пример, „Дали сте против договорот за името кој овозможува влез …

Кој ќе брка цензус – Заев или Мицкоски ? Read More »

Што ако на референдумот излезат 49 проценти?


На референдумот за промена на името за интегрирање на земјата во ЕУ и во НАТО излегоа 49 проценти од запишаните гласачи, од кои 90 проценти заокружија „да“, а 10 проценти „не“. Теоретски, во блиска иднина, не е исклучено некоја слична вест како оваа (која е хипотетичка), можеби со малку поразлични проценти, да осамне во медиумите …

Што ако на референдумот излезат 49 проценти? Read More »