Братислава против членството на Украина во НАТО


Словачка ќе биде против приемот на Украина во НАТО, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо. – Украина може да каже: Сакаме да влеземе во НАТО. Тоа ќе биде нивна одлука. Ние велиме дека нема да ги ратификуваме документите за пристапување на Украина во Алијансата во парламентот, бидејќи на Словачка и треба неутрална Украина, рече Фицо на …

Братислава против членството на Украина во НАТО Read More »

Словачка го избра прорускиот националист Петер Пелегрини за претседател


  Кандидатот на националистичката левица Петер Пелегрини победи на претседателските избори во Словачка пред либералниот, прозападен опозициски кандидат Иван Корчок. Блискиот соработник на популистичкиот премиер Роберт Фицо доби 53,12 отсто од гласовите на вториот круг од изборите во саботата, додека поранешниот министер за надворешни работи Корчок имаше имаше 46,87 отсто. Говорејќи во Братислава, Пелегрини вети …

Словачка го избра прорускиот националист Петер Пелегрини за претседател Read More »

Корчок и Пелегрини во вториот круг од претседателските избори во Словачка


 На претседателските избори во Словачка ќе има втор круг гласање откако врз основа на 99,93 отсто од преброените гласови поранешниот министер за надворешни работи, Иван Корчок (59), освои 42,48 отсто од гласовите, а поранешниот премиер Петер Пелегрини (48), 37,05 отсто од гласовите, јави ДПА. Пелегрини, поранешен член на владејачката партија на Фицо- СМЕР, а сега …

Корчок и Пелегрини во вториот круг од претседателските избори во Словачка Read More »

Во Словачка се одржуваат претседателски избори


Словаците денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори кои би можеле да ја зајакнат власта на премиерот Роберт Фицо, кој сака поголема контрола врз јавните медиуми, помеки антикорупциски закони и посилно изразено несогласување за поддршката од ЕУ за Украина. Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време (06:00 часот по Гринич) и …

Во Словачка се одржуваат претседателски избори Read More »

Словачка премногу се доближила до Русија? Луѓето излегоа на улица


Илјадници луѓе во вторникот излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава за да и покажат поддршка на Украина и да протестираат против словачката влада, за која критичарите велат дека премногу се доближила до Русија. Владата на премиерот Роберт Фиц предизвика вознемиреност меѓу критичарите откако ја презеде власта во октомври минатата година, со силни критики …

Словачка премногу се доближила до Русија? Луѓето излегоа на улица Read More »

Фицо бесен: Ги нема С-300, отидоа „патриотите“, ги нема и Италијанците…


Словачкиот премиер Роберт Фицо најави дека Италија планира да го повлече својот систем за противвоздушна одбрана од Словачка. Станува збор за систем кој минатата година привремено беше префрлен во Словачка, со цел да го замени американскиот систем за воздушна одбрана „патриот“. Фицо изјави дека ја добил пораката од италијанската влада во врска со повлекувањето на …

Фицо бесен: Ги нема С-300, отидоа „патриотите“, ги нема и Италијанците… Read More »

Антивладините протести во Словачка поради судските реформи на Фицо се интензивираат


Илјадници луѓе во Словачка синоќа повторно протестираа против владата на левичарскиот популистички премиер Роберт Фицо, кој е на функција од крајот на октомври. Организаторите изјавија дека околу 30.000 луѓе се собрале само во главниот град Братислава. Неколку илјади луѓе се одзваа и на повикот на три опозициски партии во 30 други градови низ државата. Ако …

Антивладините протести во Словачка поради судските реформи на Фицо се интензивираат Read More »

Чешка ќе ги укине привремените гранични контроли со Словачка


Чешка на 2 февруари ќе ги укине привремените гранични контроли со Словачка, воведени за ограничување на илегалната миграција, изјави денеска премиерот Петар Фиала. Чешка, заедно со Германија, Полска и Австрија, во есента минатата година ги врати граничните контроли поради зголемувањето на бројот на мигранти кои минуваа низ нејзината територија кон побогатите западноевропски земји. Во 2023 …

Чешка ќе ги укине привремените гранични контроли со Словачка Read More »

Словачка ќе стави вето на приемот на Украина во НАТО


  Словачка го отфрла приемот на Украина во НАТО и е подготвена да стави вето на таа одлука доколку е потребно, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо на јавното радио РТВС. Фицо рече дека ќе отпатува за Украина во среда за да се сретне со својот колега Денис Шмихал во пограничниот град Ужхород. И додека …

Словачка ќе стави вето на приемот на Украина во НАТО Read More »

Во Словачка масовни протести против затворањето на Специјалното обвинителство


Илјадници Словаци се собраа во речиси 20 градови за да протестираат против обидот на премиерот Роберт Фицо да го затвори Специјалното обвинителство кое ги истражува злосторствата од висок профил, вклучително и случаи блиски до премиерот. Демонстрациите, повикани од прозападни либерали, конзервативни опозициски партии и граѓански активисти, се четврти протести откако Фицо предложи брза реформа на …

Во Словачка масовни протести против затворањето на Специјалното обвинителство Read More »

Новата влада на Словачка го затвора специјализираното обвинителство


Новата влада на Словачка, предводена од премиерот Роберт Фицо, денеска одобри амандман на Кривичниот законик на земјата со кој ќе се затвори специјализираното обвинителство кое се занимава со најтешките злосторства и корупција, јавија американските медиуми.  Словачката претседателка Зузана Чапутова, опозицијата и невладините организации се спротивставија на одлуката, велејќи дека таа е против владеењето на правото. …

Новата влада на Словачка го затвора специјализираното обвинителство Read More »

Словачкиот премиер им се закани на медиумите кои биле „непријателски“ кон владата


  Словачките новинари и меѓународните набљудувачи изразија тревога откако новиот премиер Роберт Фицо ги опиша водечките медиуми како непријателски и се закани дека ќе им го ограничи пристапот. Фицо, кој ја презеде функцијата лидер на Словачка во октомври како дел од коалициската влада предводена од неговата популистичка партија Смер, оваа недела рече дека некои од …

Словачкиот премиер им се закани на медиумите кои биле „непријателски“ кон владата Read More »

Проруската партија СМЕР на Роберт Фицо победи на парламентарните избори во Словачка


На вчерашните парламентарни избори во Словачка, партијата Смер ССД предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо освоила најголем број гласови – 23,31 отсто, врз основа на 99,2 отсто од преброените гласови, соопшти Словачкиот институт за статистика.  Според неофицијалните резултати од изборите, партијата Прогресивна Словачка заврши на второто место со 16,98 отсто, иако прогнозите пред изборите предвидуваа …

Проруската партија СМЕР на Роберт Фицо победи на парламентарните избори во Словачка Read More »

Словачката либерална партија Прогресивна Словачка води на изборите, покажуваат излезните анкети


  Словачката либерална партија Прогресивна Словачка (ПС) води на парламентарните избори во саботата, покажаа првичните излезни анкети, потенцијално блокирајќи го поранешниот левичарски премиер Роберт Фицо да ја врати својата партија на власт, откако вети дека ќе ја прекине воената помош за соседна Украина, јави Ројтерс. Прогресивна Словачка освои 23,5 отсто од гласовите, пред 21,9 отсто …

Словачката либерална партија Прогресивна Словачка води на изборите, покажуваат излезните анкети Read More »

Словаците денеска на парламентарни избори бираат меѓу Фицо и Шимечка


Словаците денеска гласаат на парламентарни избори, на кои, според анкетите, ќе се води тесна борба меѓу поранешниот левичарски премиер Роберт Фицо, кој вети дека ќе ја прекине воената помош за соседна Украина, и прозападните либералите, пренесуваат британските медиуми. Последните истражувања на јавното мислење покажаа дека двете партии се речиси изедначени, а победникот ќе добие шанса …

Словаците денеска на парламентарни избори бираат меѓу Фицо и Шимечка Read More »

Словачка наскоро би можела да стане најновиот сојузник на Русија


  Словачка е многу поважна отколку што сфаќа Европа. На 30 септември малата европска земја одржува парламентарни избори кои ќе имаат последици далеку од нејзините граници. Ако анкетите се точни, тоа би го означило враќањето на Роберт Фицо: човек кој искажува пофалби на Москва и се моделира како Виктор Орбан, лидерот  во соседна Унгарија. Европската …

Словачка наскоро би можела да стане најновиот сојузник на Русија Read More »

Најавен зголемен број на туристи од Словачка


 За многу кратко време туристи од Словачка и централна Европа ќе бидат меѓу најчестите посетители на нашата земја, најавуваат од националната Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија НАИТМ чиј претседател Влатко Сулев потпиша меморандум за соработка со претседателот на Словачката асоцијација за туриза SACKA Роман Беркеш.  Меморандумот предвидува да се преземат конкретни чекори за продлабочување …

Најавен зголемен број на туристи од Словачка Read More »

Словачка планира да го зголеми производството на муниција за снабдување на Украина


Словачка планира да го зголеми производството на муниција и артилериски гранати за Украина, изјави денеска министерот за одбрана Јарослав Над додека патувал со воз за Киев. Коментарите на Над се последното покажување поддршка за Украина од Словачка, која неодамна го испорача системот за воздушна одбрана „Куб“ и првиот од тринаесетте ветени борбени авиони „МиГ-29“ од …

Словачка планира да го зголеми производството на муниција за снабдување на Украина Read More »

Снежно невреме во Чешка, Полска и Словачка


Обилниот снег предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во саботата во Чешка, Полска и Словачка. Во чешкиот град Хертвиковице, мотоциклист загинал кога врз него паднало дрво. Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков,  70-годишна жена останала без потребна залиха од чист кислород и поради тоа починала. Противпожарното возило кое требало да ѝ …

Снежно невреме во Чешка, Полска и Словачка Read More »

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност


 Словачкиот референдум за уставните измени за изборните реформи пропадна поради недоволна излезност, покажаа првите податоци на државната изборна комисија. Само четвртина од запишаните гласачи се изјаснија на референдумот, а за неговата законска важност потребна е излезност од 50 проценти. Право на глас имаа вкупно 4,5 милиони гласачи. Уставните измени требаше да овозможат предвремени избори, како …

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност Read More »