Со што ѝ се заканува Путин на Македонија?


МНР вчера му врачи протестна нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. Освен што Москва ја прогласи Македонија за непријателска држава бидејќи не ја поддржува нивната „специјална операција“ за убивање Украинци, амбасадорот јавно предупреди дека сите што ќе покажат изливи на русофобија ќе бидат внимателно евидентирани и за нив ќе следи правна постапка. Од кого и …

Со што ѝ се заканува Путин на Македонија? Read More »

Османи си даде автогол


Од Македонија не бидува сериозна држава. По речиси дваесетчасовна присутност во медиумите, подготвеност да одговара пред пратениците кога ќе го повикаат, силни напори да го реши спорот со Бугарија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, си даде автогол и сам си ја урна позицијата во јавноста. Веќе два дена скандалозното именување на ТВ презентерката со …

Османи си даде автогол Read More »

„Независен“ во Украина: Почна одбројувањето, сите се подготвуваат за евакуација или за војна


  (Од нашиот известувач)  КИЕВ – Состојбата околу Украина од вчера почнува драматично да ескалира, со најава утрово дека е прашање на часови кога САД ќе го повикаат својот дипломатски персонал во амбасадата да ја напушти земјата. Најавите за можна руска инвазија „во кој било ден“ сега стигнаа до „кое било време“. Неколку земји, меѓу …

„Независен“ во Украина: Почна одбројувањето, сите се подготвуваат за евакуација или за војна Read More »

Победа што се претвори во пораз


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше вчера редок искрен момент- оцени дека треба да размисли дали вреди и натаму да се занимава со политика. Откако ја сведе целата своја опозициска улога во постојан обид за уривање на власта, Мицкоски се стави самиот во ситуација, место да бара оставка на актуелниот премиер, да го отвори прашањето …

Победа што се претвори во пораз Read More »

Тешко на ЕУ со вакви земји-членки


Како Бојко Борисов, па и Красимир Каракачанов, звучеше вчера претседателот Румен Радев, кој го искористи самитот во Брдо за да си го поправа рејтингот во Бугарија пред трката за нов претседателски мандат. Несвојствено за еден шеф на држава, и тоа од Европската унија, половина час редеше услови што треба да ги исполни Македонија како да …

Тешко на ЕУ со вакви земји-членки Read More »

Леснотијата на неодговорноста


Ова ни е фала – беше најсилната реакција од здравствената фела на вчерашниот протест што критичката јавност го опиша како голема срамота. И тие што го организираа и што најавија продолжение, знаат дека е така, па се кријат зад разни групи, кобајаги антиваксери од кои по слободна проценка барем половината или се вакцинирани, или го …

Леснотијата на неодговорноста Read More »

Риалити шоу од институциите


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, ја научи лекцијата – донел одлука да им се одземаат мобилните телефони на сите што влегуваат во неговата канцеларија и со кои е на заедничка средба. До вчера било демократија, т.е. анархија, тој имал доверба во тие со кои зборувал, ништо не криел и не слушнал дека …

Риалити шоу од институциите Read More »

Кристално чиста препорака за нејасна иднина


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Еврокомесарот Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини,  вчера застанаа цврсто зад препораката за преговори за членство со Македонија. Ги употребија сите аргументи и сите „оружја“ за да ги убедат земјите членки дека нивната одлука треба да биде потврдена и дека таа ќе биде пресвртна за нас и за регионот. …

Кристално чиста препорака за нејасна иднина Read More »

Патетика околу химната


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Доцнеше ли делегацијата, ѝ фалеше ли нешто на гардата, потфрли ли протоколот или за грчките уши беше неприфатлива химната на државава чии зборови не можеа да претрпат историска ревизија – ќе остане необјаснето и по објаснувањата вчера од Владата. Оваа мала протоколарна епизода, која немаше ни да се забележи да беше делегација од …

Патетика околу химната Read More »

Македонија си доби свој „Брегзит“


Слободанка Јовановска   Македонија изврши политичко самоубиство. Место да го изгласа референдумот и да отвори пат за евроинтеграција и стабилизација на земјата, поради тесни партиски и профитерски причини голем дел од граѓаните останаа дома и бојкотираа. Она што ни се случува сега наликува на „денот потоа“ во Велика Британија, кога сите што не сакаа да …

Македонија си доби свој „Брегзит“ Read More »

Орбан да си даде оставка


Слободанка Јовановска За големиот скандал што ни се случи оваа недела – бегството на Никола Груевски – нема кој да даде оставка во Македонија. Уште повеќе, така како што тргнал со изговорите премиерот Зоран Заев, единствен кому ќе му побара оставка, ќе биде унгарскиот премиер Виктор Орбан. Вчера пред новинарите Заев надолго образлагаше како сè …

Орбан да си даде оставка Read More »

Никој нема мандат за амнестија


Слободанка Јовановска Кој му даде мандат на премиерот Зоран Заев да нуди амнестија? Иако по неговиот говор во Собранието функционери од СДСМ се обидуваа да ја убедат јавноста дека тој зборувал само за помирување, прочка, простување… самиот не демантираше, иако имаше шанса, а не ни објасни зошто би платил „политичка цена“ ако зад ваквите политички …

Никој нема мандат за амнестија Read More »

Референдум: Кампањата „за“ речиси ја збриша кампањата „против“


Слободанка Јовановска Кампањата „за“ речиси ја збриша кампањата „против“. Иако и натаму поголем број од граѓаните не го сакаат договорот со Грција, тие што јавно водат битка да пропадне референдумот изминатата недела се најдоа на маргините на политичката сцена, па речиси и исчезнаа. Причината за тоа е едноставна – која е логиката да се спори …

Референдум: Кампањата „за“ речиси ја збриша кампањата „против“ Read More »

Македонија како село без кучиња


Слободанка Јовановска Солза Грчева, Јанко Бачев и други маргиналци како нив во Македонија бараат пари од буџетот на државата за да водат негативна кампања против референдумот. Не правејќи разлика меѓу комунизам и демократија, тие бараат да имаат рамноправен третман кога се во прашање парите за кампањата со тие што ќе ги добие Владата, ако добие …

Македонија како село без кучиња Read More »

Ќе си дозволи ли претседателот Ѓорге Иванов да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО?


Слободанка Јовановска Македонија неделава, според сите дипломатски оценки, напиша историја. Веста за договорот со Грција одекна исто како самитот на претседателите на САД и Северна Кореја. За светските медиуми главна вест беше дека го сменивме името на државата. Граѓаните пак дома се поделија на два фронта- тие што веруваат дека постигнавме победа и другите што …

Ќе си дозволи ли претседателот Ѓорге Иванов да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО? Read More »

И Стивен Хокинг би го избркале од Тимјаник


Слободанка Јовановска Вчера гордите Македонци си ја видоа својата грда слика во огледало. Цело село стана на нозе за да спречи ЧЕТИРИ деца со попреченост да бидат сместени во нивната драгоцена околина и да се социјализираат. Страв им е дека и нивните деца ќе станат „нездрави“ ако се дружат со тие со попреченост, и притоа …

И Стивен Хокинг би го избркале од Тимјаник Read More »

Што сака Грција?


Слободанка Јовановска Премиерот Зоран Заев деновиве водеше две битки. Првата околу обвинението за „Поткуп“ ја доби, а за втората околу името ќе почека подобри времиња. За првпат откако е на функцијата самодовербата на премиерот е видливо нарушена. Отпор кон решението, што тој го оцени како достоинствено за Македонија, искажаа речиси сите во Грција и опозициските …

Што сака Грција? Read More »

Заев да си најде советник за советниците


Слободанка Јовановска Советникот со завршено средно училиште и дебела биографија на закани и насилства, Џезаир Шакири-Хоџа, изјави вчера дека има „секакви“ во владата на премиерот Зоран Заев, па не гледа зошто да не биде и тој дел од неговиот кабинет. Што се занимавате со мене, ми треба функција за да преживеам, порача Хоџа од својот …

Заев да си најде советник за советниците Read More »