Подземјето сака победа на изборите


Македонија гори буквално. Опожарени беа неколку возила под Кале викендов, се запали автомобил истиот ден во „Ист гејт“, а беше запален и билборд на Арбен Таравари. Денес, додека се вртеше видеото на Фуркан Салиу за полициската бруталност, се вивна во пламен и Универзална сала, централниот објект на проектот „Скопје – европски град на културата“. Толку …

Подземјето сака победа на изборите Read More »

Народните избраници сакаат да бидат полицајци, обвинители и судии


Политичкото самоволие добива карикатурални димензии во македонското Собрание. Заштитени со епитетот народни избраници пратениците, главно од опозицијата, ја парализираат државата, ги кочат реформите, ни го губат времето, ни ги трошат парите и ги зголемуваат фрустрациите во општеството. Последните месеци, како што се подготвуваат за избори, почнаа да покажуваат амбиции да прават сѐ, само не тоа …

Народните избраници сакаат да бидат полицајци, обвинители и судии Read More »

Османи се лизна на косовска „банана“


Шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, се лизна од косовска „банана“. За првпат откако е на оваа позиција тој доби јавна лекција од премиерот Димитар Ковачевски околу изјавата дека, ако се докаже дека Србија е вмешана во нападот во Косово, Македонија треба да го преиспита учеството во иницијативата Отворен Балкан. Со ваквата …

Османи се лизна на косовска „банана“ Read More »

И ние си имаме Радев


Бидете спокојни, во Македонија нема да има уставни промени. Со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одолева на сите „закани“ што, како аргументи и пораки, стигаат од земјите пријатели на Македонија. Единствените аргументи за кои има слух и им верува се бугарските, зошто може да ги спакува како „диктат“ од Софија, која според него …

И ние си имаме Радев Read More »

Комунална збирштина глумеше Тиенанмен


Партија вчера објави војна на државата. И тоа не една, туку повеќе. Си ги мереа силите и се пресметуваа преку собирањето ѓубре, покажувајќи до кое дно се стигнати во практикувањето на моќта и  разбирањето на демократијата. Збирштина од партиски кадри, меѓу кои и провокатори надвор од скопска „Комунална хигиена“ лежеа пред влезот на јавното претпријатие …

Комунална збирштина глумеше Тиенанмен Read More »

Косово доби свое „косово“


Косовскиот премиер Албин Курти дефинитивно го изгуби кредибилитетот кај меѓународната заедница и кај соседите. Ова што се случува во српските општини изминатите два дена, каде што Курти со борни коли, со пукање и со солзавец се обидува да се пресмета со цивилното српско население, не се разликува ни милиметар од тоа што се обиде да …

Косово доби свое „косово“ Read More »

Кои се руските манири на Бугарија што ги препозна Ковачевски?


Бугарските политичари тргнаа во нова серија провокации, откако премиерот Димитар Ковачевски на меѓународна сцена, на самитот на Советот на Европа, им порача дека кон Македонија се однесуваат како Русија кон Украина, посочувајќи дека земја која во континуитет и со години добива пресуди од Стразбур за непочитување на правата на македонското малцинство нема кредибилитет да нѐ …

Кои се руските манири на Бугарија што ги препозна Ковачевски? Read More »

Се случува ли „орбанизација“ на Македонија?


Премиерот на земјата што најбргу влезе во ЕУ и која експресно стана дел од Шенген и евро зоната, Андреј Пленковиќ, проба вчера дел од тоа искуство да го пренесе во Македонија, во смисла – ова што ви го кажувам е реалноста, а не теориите за членството во Европската унија. И, многу се намачи да ја …

Се случува ли „орбанизација“ на Македонија? Read More »

Ден на жалост за Македонија


Судиите и обвинителите слават: Со трибини и со обраќања го одбележуваат Денот на правосудството во државата. Реалноста е дека нема потажен ден во Македонија од овој денес и дека Вардар не може да ги испере веќе од одговорноста овие заштитени структури, заради кои во голема мерка го допревме дното како европска држава. Ако се тргнат …

Ден на жалост за Македонија Read More »

Стразбур ги приземји Сваровски функционерите


Не летаат балони само над Америка. Еден таков леташе дури пет години и над Македонија, но денес Стразбур го распрска на парчиња. И покрај обидите одлуката на Судот за човекови права за аболициите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов да се престави како процедурална и техничка, со најава дека обвинетите пак ќе се жалат, приказната дека …

Стразбур ги приземји Сваровски функционерите Read More »

До кога ќе наседнуваме на евтините бугарски сценарија?


Само што се спомена отворање на дебатата за уставни измени, некој успеја да претепа македонски државјанин што се декларира како Бугарин и да го направи целиот процес беспредметен во моментов. По повеќе неуспешни провокации, од отворањето на клубовите со неприфатливи имиња, гостувањата и навредите на Ангел Џамбаски и неприфатливите изјави од бугарските преставници во историската …

До кога ќе наседнуваме на евтините бугарски сценарија? Read More »

Исклучете го интернетот


Лажните дојави за подметнати бомби утрово достигнаа хистерично ниво. Кој и да е тој што ги испраќа, страда од тешка патологија која, ако продолжи да ја практицира на ова ниво и со ваков квантитет, сигурно ќе нѐ доведе до напрегнатост која натаму може да прерасне во целосна  рамнодушност. Она што е поважно е дека никој …

Исклучете го интернетот Read More »

Во ДУИ не знаат за извинување


На кадрите на ДУИ сѐ им се може. „Бомба“ не ги мрда од функциите, што и да направат, никогаш не се извинуваат за грешките, а оставката за нив е непозната појава ако им ја бара некој чие име не е Али Ахмети. Потврда за тоа е последниот недоличен и навредлив испад на директорот на Топланата …

Во ДУИ не знаат за извинување Read More »

ЈСП пука по сите рабови


ЈСП пука по сите рабови. Она што изгледаше како колапс поради немање пари, сега се претвора во политичко-партиска пресметка врз повеќе основи. Хаосот што со години владееше на скопските улици со квази протести за сѐ и сешто, а што  потоа се пресели во Собранието, очигледно сега „метастазира“ на други нивоа, или како што објави самата …

ЈСП пука по сите рабови Read More »

До кога ќе нѐ труе со омраза Ангел Димитров?


Ангел(от) со јастребски крила повторно напаѓа. Осилен од можноста ГЕРБ да се врати на власта, претседателот на бугарскиот дел од Историската комисија , Ангел Димитров, тргна во политичка офанзива. Неговиот проблем е што сега има механизам кој точно кажува како да се пријавува говор на омраза и што неговите настапи стануваат не само тема за …

До кога ќе нѐ труе со омраза Ангел Димитров? Read More »

Му се случува ли „Панорама“ на Мицкоски?


Расколот во ВМРО-ДПМНЕ  продолжува и, по сѐ изгледа, ќе трае подолг период. Иако и на многумина од тие што се инволвирани не им е јасно што се случува навистина, по политичкиот говор на Данела Арсовска во Советот на Град Скопје, во кој обвини дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски никогаш нема да излезе од „тендер …

Му се случува ли „Панорама“ на Мицкоски? Read More »

Политичката артилерија замолкна


Политичката артилерија замолкна. Дилемата дали требаше да се прифати францускиот предлог или не –  се распрсна како сапуница, само еден ден откако во Брисел се пресекоа славеничките торти на Македонија и Албанија. Веќе е смешно да се тврди дека ќе нема македонски јазик во ЕУ, кога нашиот премиер сѐ што кажа во Европскиот совет беше …

Политичката артилерија замолкна Read More »

Фон дер Лајен дочекана со аплаузи, тропања и извици за предавници


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше дочекана бурно во македонското Собрание додека ги уверуваше пратениците дека македонскиот јазик е наш јазик и дека одлуката што треба да ја направиме е одлучувачка за нашата иднина. „Конечно сме на прагот на одлучувачки чекор во евроинтеграцијата. Покажавте витален капацитет да го промените вашето општество, воспоставивте …

Фон дер Лајен дочекана со аплаузи, тропања и извици за предавници Read More »

Крај на една ера


Македонија е на чекор до одлука која ќе стави крај на една ера, што траеше од прогласувањето на независноста досега. Дилемата не е дали ќе речеме „да“ на предлогот на француското претседателство, туку дали ќе отвориме ново поглавје во нашата иднина како држава. Со почнувањето на преговорите за членство со ЕУ, како и да завршат …

Крај на една ера Read More »

Макрон е дел од проблемот, а не од решението


  Откако ги доведоа до точка на неподносливост преговорите со Македонија и го натераа нашиот државен врв да крене раце, раскараните бугарски политичари сега „преговараат“ со Европската унија, во обид да обезбедат нивните недоквакани барања да станат дел од преговарачката рамка. Во тој контекст се и најавите дека претседателот Румен Радев и премиерот Кирил Петков …

Макрон е дел од проблемот, а не од решението Read More »