„ВМРО-ДПМНЕ не блефира. Нема да го почитува Преспанскиот договор“: Интервју со Бојан Маричиќ


  Бојан Маричиќ, вицепремиер, меѓународен секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, е сосема сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ не блефира кога вели дека нема да го почитува Преспанскиот договор. Во разговорот за „Независен“ тој вели дека „нема потреба да се поништува Преспанскиот договор, доволно е да се престане да се почитува. Тоа ќе биде доволен аргумент …

„ВМРО-ДПМНЕ не блефира. Нема да го почитува Преспанскиот договор“: Интервју со Бојан Маричиќ Read More »

(Во живо) Прес-конференција на Бојан Маричиќ


Заменик-претседателot на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во среда,  со почеток во 10:30 часот во просториите на Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија ќе одржи прес-конференција за крајот на годината.

Тие што ставаат вето не излегуваат за кафе, вели Маричиќ


  По уникатното откритие во Македонија дека лидерите на ЕУ можеле да донесат одлука и без да има едногласност, односно дека и бугарскиот премиер Кирил Петков можел да излезе од гласањето за да пие кафе по сугестија на германскиот лидер Олаф Шолц, вицепремиерот Бојан Маричиќ порача денес дека тоа звучи симпатично, но сите знаеме како …

Тие што ставаат вето не излегуваат за кафе, вели Маричиќ Read More »

Маричиќ очекува и негативни реакции за предлогот за укинување на ветото во ЕУ


  Сите наши обврски со Бугарија се напишани на хартија и се вградени или во Преговарачката рамка или во заклучоците што ги имаме од Советот на ЕУ од минатата година, така што она што можеме да го очекуваме е предвидливо, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, кој потенцира …

Маричиќ очекува и негативни реакции за предлогот за укинување на ветото во ЕУ Read More »

Маричиќ: Мицкоски купува време, најголемо македонско обединување е ако се гласаат уставните измени


  Политички игри за собирање поени – ги нарече вицепремиерот за европски прашања,Бојан Маричиќ, повиците на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за  обединување на Македонците со цел да се симне ДУИ од власта –  став што го стави во контекст на најавената лидерска средба утре, на која место тоа, треба да се изјасни за промената …

Маричиќ: Мицкоски купува време, најголемо македонско обединување е ако се гласаат уставните измени Read More »

Ќе ги „испегла“ ли Отворен Балкан дисбалансите на пазарот на труд


  На пазарот на труд во нашата земја постојат големи дисбаланси – за некои работни места има и по седумдесетина кандидати, а за други професии пак се бара „човек повеќе“. Од претстојното лето треба да сметаме на уште еден предизвик, кој што го носи Отворен Балкан и можноста да се најде вработување во трите земји …

Ќе ги „испегла“ ли Отворен Балкан дисбалансите на пазарот на труд Read More »

Нови 53 милиони евра од ЕУ за инвестиции во енергетиката и животната средина


  Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од страна на Европската комисија на Северна Македонија и се одобрени уште три проекти, преку повикот за инвестициски грантови во вредност од 53,015,968 евра. – Денес добив одлична вест од Брисел која веднаш ја споделувам со вас, граѓаните. …

Нови 53 милиони евра од ЕУ за инвестиции во енергетиката и животната средина Read More »

Маричиќ од Салзбург: На ЕУ ѝ се потребни јасен план и стратегија за проширување


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел дискусијата во рамки на Европскиот самит во Салзбург на тема „Дали Европа ќе ги преживее кризите?“, на кој рече дека само обединета, одлучна, со јасен план и стратегија ЕУ ќе успее да ги надмине предизвиците со кои се соочува во моментот. – Новата реалност која …

Маричиќ од Салзбург: На ЕУ ѝ се потребни јасен план и стратегија за проширување Read More »

(Во живо) Прес на Маричиќ и Гир


Заедничка прес-конференција на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Проследете ја во живо:  

Маричиќ: Правиме чекор напред во евроинтеграциите, од КОВЕБ преминуваме во КОЕЛА


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја имаа првата средба со работното тело на Советот на ЕУ надлежно за земјите кои преговараат. – Во текот на последните подготовки, денеска се одржува првиот работен состанок со КОЕЛА пред утрешниот почеток на скрининг процесот. …

Маричиќ: Правиме чекор напред во евроинтеграциите, од КОВЕБ преминуваме во КОЕЛА Read More »

Маричиќ: Европските пари се поддршка на нашите земјоделци и македонските вина и храна


Благодарение на континуираната поддршка од европските фондови, што нашите земјоделци ја добиваат, македонските вина и храна имаат свој препознатлив печат и се почитувани не само на Балканот, туку и низ светот, вели заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. На својот Фејсбук-профил, Маричиќ пишува дека Европската комисија веќе ја има усвоено програмата …

Маричиќ: Европските пари се поддршка на нашите земјоделци и македонските вина и храна Read More »

Маричиќ ќе го менува преговарачкиот тим за ЕУ


Вицепремиерот за евроинтеграција Бојан Маричиќ денес го претстави начинот како ќе се водат преговорите со Европската унија, при што најави дека ќе има промена во преговарачкиот тим, но не навести дали ќе се поделат политичката и техничката функција. Тој  ги објасни двете фази на скринингот што формално е почнат, а технички ќе стартува од септември.   …

Маричиќ ќе го менува преговарачкиот тим за ЕУ Read More »

Маричиќ го пречека Шарл Мишел на охридскиот аеродром


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Вицепремиерот Маричиќ, како што соопшти неговиот кабинет, му посака топло добредојде на Мишел и изрази големо задоволство од неговата посета, која е во исклучително важен момент за нашата …

Маричиќ го пречека Шарл Мишел на охридскиот аеродром Read More »

Маричиќ: Северна Македонија останува на европскиот пат


Не смееме да го изгубиме овој моментум за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, изјави денеска во Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на брифинг со претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/ проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), каде информираше за процесот на европската интеграција на земјата, за динамика на …

Маричиќ: Северна Македонија останува на европскиот пат Read More »

Маричиќ вели: Не може да има задршки за македонскиот јазик во преговарачката рамка


  Работите со Бугарија се далеку од договор. На таков начин може да се толкуваат изјавите на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Вечерва за Сител Маричиќ изјави дека „за нас е важно процесот на европеизација да не стане процес на билатерализација или процес на оптоварување на преговарачката рамка со билатерални прашања“. Тој рече дека важно …

Маричиќ вели: Не може да има задршки за македонскиот јазик во преговарачката рамка Read More »

Маричиќ: Имплементацијата на Преспанскиот договор зависи и од преговорите со ЕУ


Белгија – Шефот на македонскиот технички тим за преговори со ЕУ , Бојан Маричиќ, кој деновиве престојува во Брисел во рамките на техничкиот скрининг процес со Европската Комисија, вели дека Европската Комисија и земјите членки треба да бидат свесни дека имплементацијата на важен дел од Преспанскиот договор е поврзан со отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Евентуалното …

Маричиќ: Имплементацијата на Преспанскиот договор зависи и од преговорите со ЕУ Read More »

Османи политички, Маричиќ технички преговарач со ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ќе биде шеф на политичкиот преговарачки тим во скрининг процесот на Европската комисија. Задолжен за техничкиот дел од процесот ќе биде советникот на премиерот Бојан Маричиќ, јави Телма. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски ни изјави дека одлуката околу преговарачите со ЕК ќе биде донесена на утрешната владина седница. Скрининг процесот …

Османи политички, Маричиќ технички преговарач со ЕУ Read More »