Во Сирија постигнат договор за евакуација на 7.500 бунтовници


Сириските државни медиуми и портпаролот на бунтовниците соопштија дека е постигнат договор 7.500 припадници на бунтовничките сили и нивните семејства од Хараста во Источна Гута, да се евакуираат во северната провинција Идлиб, која е под контрола на бунтовниците. Договорот ќе значи прва евакуација на борците од регионот, што е под контрола на бунтовниците источно од …

Во Сирија постигнат договор за евакуација на 7.500 бунтовници Read More »

Ердоган: САД доставија оружје на терористички групи во Сирија


САД доставија големо количество оружје на терористички групи на територијата на Сирија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Ако сме стратешки партнери, тоа значи дека вие – САД, треба да не почитувате и да престанете да не лажете, изјави Ердоган. – Во Сирија сте испратиле пет илјади камиони со оружје и две илјади контејнери …

Ердоган: САД доставија оружје на терористички групи во Сирија Read More »

Дамаск бара повлекување на турските сили од Африн


Сириската Влада денеска побара повлекување на турските сили од градот Африн во северозападна Сирија. Анкара вчера соопшти дека турските сили и борците на сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Турција, презеле целосна контрола над Африн, кој беше главно упориште на Силите за заштита на народот на сириските Курди во северозападна Сирија. – Соопштението на режимот …

Дамаск бара повлекување на турските сили од Африн Read More »

ОН бара итна помош за загрозените во воените зони во Сирија


Обединетите Нации денеска апелираа итно да се достави помош на Сиријците, кои се наоѓаат во воените зони. – ОН во Сирија итно апелира за помош за да се запре катастрофалната ситуација во која се наоѓаат десетици илјади луѓе од Источна Гута и Африн“, се наведува во соопштението на хуманитарната канцеларија на ОН во Дамаск. Високиот …

ОН бара итна помош за загрозените во воените зони во Сирија Read More »

(Видео) Терористи соборија сириски „су-24“, судбината на пилотите неизвесна


Терористичката група „Џејш Тахрир ел Шам“ урна сириски авион „Су-24“ во Источен Каламун, а сѐ уште не е познато дали екипажот успеал да се спаси, пренесуваат сириските медиуми. На снимката објавена на каналот „Дирекорат 4“, кој ги следи активностите на терористите, може да се види дека авионот одеднаш ја губи висината и остава густ чад …

(Видео) Терористи соборија сириски „су-24“, судбината на пилотите неизвесна Read More »

Ердоган: Турската армија ќе го освои Африн до вечер


Турската армија и нејзините сојузници меѓу сириските бунтовници до вечерва ќе преземат целосна контрола врз градот Африн во северозападна Сирија, изјави денеска претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Ердоган, во обраќање пред членовите на локалната администрација во Анкара, нагласи и дека е воспоставен специјален коридор за евакуација на цивилното население од Африн. Најавата на Ердоган …

Ердоган: Турската армија ќе го освои Африн до вечер Read More »

Нов напад со бесиплотни летала врз руската воздухопловна база во Сирија


Руската воздухопловна база Хмеимим во северна Сирија денеска била нападната со бесиплотни летала. Се работи за втор ваков напад во рок од два месеци. Нема информации за штетата која ја претрпеле руските летала во Хмеимим. Во првиот напад, на 7 јануари, беа уништени неколку руски летала со минофрлачки оган, а потоа базата беше нападната со …

Нов напад со бесиплотни летала врз руската воздухопловна база во Сирија Read More »

Нема преживеани од уривањето на руски авион во Сирија


Сите 32 патници и членови на екипажот загинаа денеска при уривање на руски транспортен авион во Сирија, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Во соопштението се нагласува дека авионот од типот Ан-26 со 26 патници и шест членови на екипажот се урнал при слетување во руската воена база Хмејмим во Сирија. – Според првичните информации …

Нема преживеани од уривањето на руски авион во Сирија Read More »

Странски сили се борат за свој „колач“ од Сирија


Што имаат заедничко фалсификатор од Сирија, ирачко-авганистански милициски борец под иранско раководство и руски козак? Повеќе отколку што мислите. Сите учествуваа во чудната офанзива на околу 300 мажи на 7 февруари – борбена сила што беше бомбардирана од силите на САД при преминувањето мост преку реката Еуфрат, а во обид да освои едно од најголемите …

Странски сили се борат за свој „колач“ од Сирија Read More »

Лавров ја повика сириската влада да разговара со етничките групи


Сириската Влада треба да се раководи од принципот за суверенитет над територијата на својата земја и да води дијалог со претставниците на сите етнички групи, вклучувајќи ги и Курдите. За возврат, етничките групи кои живеат во Сирија треба да го почитуваат територијалниот интегритет на земјата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за …

Лавров ја повика сириската влада да разговара со етничките групи Read More »

Триесетта жртва во Сирија од Македонија


Осумнаесетгодишна девојка од Куманово загина војувајќи за терористичката „Исламска држава“ (ИСИС). Таа е најновата жртва од земјава што го загуби животот на боиштата на Блискиот Исток. Досега, во Сирија и во Ирак, настрадаа над триесет македонски државјани. Околу 150 заминаа да се борат за ИСИС, а седумдесетина се вратија и тие се темпирана бомба, и …

Триесетта жртва во Сирија од Македонија Read More »

Ќерка на бизнисмен од Куманово, припадничка на ИД, е убиена во Сирија


Во Сирија е убиена девојка од Куманово, припадничка на терористичката група Исламска држава. Веста ја потврдиле блиски роднини. – Кумановката пред три години заминала од дома, а подоцна се дознало дека таа се наоѓа во Сирија, во редовите на војската на ИД, пишува порталот „Реалитети“. Во 2015 година, медиумите на албански јазик јавија дека З.К. …

Ќерка на бизнисмен од Куманово, припадничка на ИД, е убиена во Сирија Read More »

Уште еден Косовец убиен во Сирија


Уште еден косовски државјанин, кој се борел на страната на терористичката група Исламска држава (ИД), е убиен во Сирија. К.А. од селото Пестово кај Витина, е последната жртва од Косово во војната во Сирија. Тој живеел во Германија од каде и им се приклучил на џихадистите на ИД во Сирија, пишува електронското издание на приштнискиот …

Уште еден Косовец убиен во Сирија Read More »

Во Сирија соборен воен авион


Сириските бунтовници денеска соборија воен авиион во провинцијата Хама, при што загина пилотот, сооопшти сириската армија. Провинцијата Хама беше под интензивни воздушни напади на руските и сириските сили за време на граѓанската војна во Сирија. Според очевидците повеќе десетици цивили се убиени при бомбардирањето на градови оддалечени од линијата на фронтот во изминатите неколку недели.

Уште еден косовски Албанец е убиен во Сирија


Уште еден Албанец од Косово, кој се борел на страната на групата Исламска држава (ИД), е убиен во Сирија. Станува збор за лице од селото Палабард во општина Ѓаковица, чие семејство ја потврдило веста. Засега не се знае точна кога тој заминал за Срија и местото каде што е убиен. Поранешниот косовски министер за внатрешни …

Уште еден косовски Албанец е убиен во Сирија Read More »

САД: Русите не се повлекуваат од Сирија


САД соопштија дека не забележале значително повлекување на руските трупи од Сирија, и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин објави дека ќе се повлечат. – Немаше значително намалување на бројот на војниците откако Русија објави дека ќе се повлече од Сирија – изјави портпаролот на Пентагон, мајор Ејриан Ренкајн-Геловеј.

Путин во ненајавена посета: Русија ги повлекува своите војници од Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во ненајавена посета на Сирија и нареди повлекување на руските сили од таа држава. Путин пристигна во воената воздухопловна база Хмајмим, која е една од неговите ретки посети на Сирија, каде што во изминативе шест години има војна. Рускиот претседател беше дочекан на аеродромот од претседателот на Сирија, Башар ал …

Путин во ненајавена посета: Русија ги повлекува своите војници од Сирија Read More »