(Видео) Терористи соборија сириски „су-24“, судбината на пилотите неизвесна


Терористичката група „Џејш Тахрир ел Шам“ урна сириски авион „Су-24“ во Источен Каламун, а сѐ уште не е познато дали екипажот успеал да се спаси, пренесуваат сириските медиуми.

На снимката објавена на каналот „Дирекорат 4“, кој ги следи активностите на терористите, може да се види дека авионот одеднаш ја губи висината и остава густ чад зад себе.

На крајот од видеото може да се види како терористите триумфално мавтаат со рацете.

Сириските медиуми наведуваат дека авионот паднал на територија контролирана од сириската армија, па така во случај пилотите да се катапултирале постои голема можност тие да останат неповредени.

Некои медиуми, исто така, укажуваат на тоа дека авионот бил соборен со ракетен ласер, иако не е специфицирано со каков моделот.

Медиумите го оценија ова како знак дека терористите повторно започнале офанзива на владините сириски позиции во тој дел од земјата.