Трамп за нападот врз Сирија: Може да биде наскоро или не толку наскоро!


Претседателот Доналд Трамп инсистира на тоа дека тој не го издал елементот на изненадување со објавувањето планови за започнување ракетен напад против Сирија. „Никогаш не реков кога ќе се случи нападот врз Сирија. Може да биде многу наскоро или не толку наскоро!“, напиша претседателот Трамп на Твитер. „Во секој случај, САД под мојата администрација завршија …

Трамп за нападот врз Сирија: Може да биде наскоро или не толку наскоро! Read More »

Британската Влада согласна за преземање мерки против користењето хемиско оружје во Сирија


Британската Влада смета дека е неопходно да се преземат мерки против користењето хемиско оружје во Сирија, Тоа се нагласува во соопштение по итната седница на Кабинетот на премиерката Тереза Меј. – Владата постигна сосгласност дека е неопходно да се преземат мерки за да се спречи користење хемиско оружје од режимот на Асад, нагласува портпарол на …

Британската Влада согласна за преземање мерки против користењето хемиско оружје во Сирија Read More »

Русија бара за утре состанок на Советот за безбедност на ОН за Сирија


Русија побара за утре состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разгледа ситуацијата во Сирија. – Приоритет е да се избегне опасност за војна, изјави претходно рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја, по седница на СБ посветена на Сирија. Тој ги повика САД и сојузниците да се воздржат од воени дејствија …

Русија бара за утре состанок на Советот за безбедност на ОН за Сирија Read More »

Ердоган телефонски разговарал со Путин за Сирија


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше се рускиот претседател Владимир Путин, јави турската агенција Анадолија. Според информации од извори блиски до турскиот претседател, Ердоган и Путин размениле мислења околу последните случувања во Сирија. Тој истакнал дека двајцата лидери се согласиле да бидат во близок контакт во врска со Сирија.

Меркел: Германија нема да учествува во воздушни напади врз Сирија


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска исклучи можност Германија да учествува во воени напади врз Сирија. Таа истакна дека Германија нема да учествува во воени акции против Сирија. Меркел нагласи дека Германија ќе поддржи и ќе прави се со цел да се испрати сигнал дека е неприфатливо користење хемиско оружје.

Американскиот министер за одбрана подготви план за воена акција за Сирија


Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис денеска изјави дека е подготвен да  му достави на претседателот план за воена акција за Сирија. – Се уште анализираме податоци на разузнавањето и на нашите сојузници, се уште работиме на тоа, изјави Матис. – Подготвени сме да обезбедиме воени опции ако тоа е прифатливо  за претседателот доколку се …

Американскиот министер за одбрана подготви план за воена акција за Сирија Read More »

Путин: Меѓународната ситуација станува многу проблематична


Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека ќе победи „здравиот разум“ во светот кој станува „хаотичен“. По повод моменталната ситуација за наводниот хемиски напад во Дума, Сирија, за кој Западот го обвинува режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, но и Русија, Путин истакна дека меѓународната ситуација станува многу проблематична. – Состојбата во меѓународните односи …

Путин: Меѓународната ситуација станува многу проблематична Read More »

MО: Измислици се информациите за префрлање 44 војници на АРМ од Авганистан во Сирија


Министерството за одбрана ги демантира информациите изнесени во соопштение на партијата Единствена Македонија дека министерката Радмила Шекеринска имала средба со американскиот амбасадор Џес Бејли на која наводно изразила подготвеност да бидат префрлени 44 припадници на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ од Авганистан во Сирија. Сите одлуки за испраќање војници во мисии, посочуваат оттаму, ги носи македонското Собрание. – Освен што овие …

MО: Измислици се информациите за префрлање 44 војници на АРМ од Авганистан во Сирија Read More »

Сириските сили се повлекуваат од аеродроми и бази заради можни напади на САД


Провалдините сили во Сирија се повлекуваат од главните аеродроми и воено-воздушни бази заради можни воздушни удари од страна на САД, објави Сирискиот центар за човекови права. Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека американски ракети „ќе дојдат“ во Сирија како одговор на наводната употреба на хемиско оружје од страна на владините сили во Сирија.

Макрон: Франција во следните денови ќе донесе одлука дали ќе ја бомбардира Сирија


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека во следните неколку дена ќе одлучи дали да бомбардира објекти во Сирија каде што се произведува хемиско оружје. На заедничка прес-конференција со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Макрон рече дека конечната одлука ќе биде донесена по консултации со САД и Велика Британија. – Во овој контекст, ние ќе продолжиме …

Макрон: Франција во следните денови ќе донесе одлука дали ќе ја бомбардира Сирија Read More »

Русија тврди дека Израел е одговорен за нападот врз сириската база


Руската армија тврди дека два израелски авиони Ф-15 извршиле напад врз сириската воздухопловна база Т-4 во провинцијата Хомс. Руското МНР нагласува дека израелските авиони извршиле напад во кој загинаа најмалку 14 луѓе, преку либански воздушен простор и дека сирискиот систем за ПВО соборил пет од осум испукани ракети. Портпарол на израелската армија засега не сакаше …

Русија тврди дека Израел е одговорен за нападот врз сириската база Read More »

Трамп го осуди хемискиот напад во Сирија, Русија тврди дека информациите се лажни


Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди наводниот хемиски напад во Сирија и наведе дека сирискиот претседател Башар ал Асад ќе плати „висока цена“ за тоа. Трамп додаде дека „во безумниот хемиски напад“ има многу загинати, вклучувајќи жени и деца. Тој на Твитер го обвини и рускиот претседател Владимир Путин, како и Иран поради поддршката за, …

Трамп го осуди хемискиот напад во Сирија, Русија тврди дека информациите се лажни Read More »

Десетици луѓе загинаа во наводeн хемиски напад во Сирија


Десетици лица загинаа во наводен хемиски напад кој вчера бил извршен врз последниот бунтовнички бастион во Источна Гута, во близина на главниот град на Сирија, Дамаск. Волонтерската спасувачка организација „Бели шлемови“ тврди дека хеликоптер фрлил буре полно со експлозиви и хемикалии врз градот Дума, при што биле убиени најмалку 40 луѓе. Организацијата прецизира дека цели …

Десетици луѓе загинаа во наводeн хемиски напад во Сирија Read More »

Макрон и Путин телефонски разговараа за Сирија


Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со Владимир Путин го повика рускиот претседател да го искористи своето влијание за да се стави крај на конфликтот во Сирија и да се обноват преговорите за политичка транзиција во земјата, соопшти Елисејската палата. Макрон ја истакна потребата од ставање крај на воената ескалација од последните месеци, со …

Макрон и Путин телефонски разговараа за Сирија Read More »

Бела куќа: Мисијата во Сирија забрзно се ближи кон крајот


Американската воена мисија во Сирија забрзано се ближи кон крајот, но се уште не е завршена и се уште нема план за повлекување на силите на САД од регионот, соопшти денеска Белата куќа. Ваквото соопштение на Белата куќа следи само еден ден по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека околу 2.000 припадници на Вооружените …

Бела куќа: Мисијата во Сирија забрзно се ближи кон крајот Read More »

Русија,Турција и Иран ги повика ОН да ја зголеми помошта за Сирија


Претседателите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани денеска ја повикаа меѓународната заедница да ја зголеми помошта за Сирија. Во заедничката изјава на Ердоган, Путин и Рохани од тристраната средба во Анкара, се повикува меѓународната заедница и, посебно, ОН да ја зголемат помошта за Сирија, односно да испратат дополнителна хуманитарна …

Русија,Турција и Иран ги повика ОН да ја зголеми помошта за Сирија Read More »

Путин: ИД е поразена во Сирија, но и понатаму може да го нападне светот


Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави денеска дека Исламска држава е поразена во Сирија, но и понатаму поседува деструктивен потенцијал и може да на ги напаѓа земјите во светот. – Јасно е дека и покрај воената ситуација таа терористичка група задржа значителен декструктивен потенцијал и способност брзо да ја менува тактиката и ги напаѓа земји …

Путин: ИД е поразена во Сирија, но и понатаму може да го нападне светот Read More »

Загинаа еден американски и еден британски војник во Сирија


Двајца војници, еден припадник на британските вооружени сили и еден од американската армија, загинаа при експлозија на импровизирана експлозивна направа во Сирија. „Скај њуз“, повикувајќи се на портпаролот на британското Министерство за одбрана, јави дека еден британски војник е убиен во Сирија. Загинатиот американски војник е прва жртва на коалиционите сили во Сирија оваа година, …

Загинаа еден американски и еден британски војник во Сирија Read More »

Трамп: САД наскоро ќе се повлечат од Сирија


По претстојното целосно уништување на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), САД за многу скоро време ќе се повлечат од Сирија, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп. – Ќе се повлечеме од Сирија за многу скоро време, навистина за многу скоро, порача Трамп на митинг во американската сојузна држава Охајо. Тој нагласи дека меѓународната коалиција …

Трамп: САД наскоро ќе се повлечат од Сирија Read More »

Градот Африн во Северна Сирија е под целосна контрола на турската армија


Турската армија и силите на Слободната сириска армија воспоставија целосна контрола врз градот Африн во северна Сирија, во рамки на операцијата „Маслиново гранче“. „Сите населби во областа се исчистени од терористите на курдската Партија на Демократска унија и Курдската работничка партија“, се наведува на сајтот на Генералштабот на турската армија. За време на операцијата загинаа …

Градот Африн во Северна Сирија е под целосна контрола на турската армија Read More »