Сириските сили се повлекуваат од аеродроми и бази заради можни напади на САД


Провалдините сили во Сирија се повлекуваат од главните аеродроми и воено-воздушни бази заради можни воздушни удари од страна на САД, објави Сирискиот центар за човекови права.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека американски ракети „ќе дојдат“ во Сирија како одговор на наводната употреба на хемиско оружје од страна на владините сили во Сирија.