За договорот со Грција ќе гласаме на 30 септември


Референдумот за договорот со Грција околу името ќе биде распишан во понеделник. Првичната идеја тој да биде закажан утре, пропадна поради обврски на членови на парламентарното мнозинство, како и за да се остави простор за договор меѓу политичките субјекти во земјава. Сепак, според нашите информации, во моментов нема иницијатива за нова лидерска средба, иако тимовите …

За договорот со Грција ќе гласаме на 30 септември Read More »

Дерковски: Референдумот ќе биде организиран согласно законите и Уставот


Новиот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски во изјава за МИА вели дека првите активности на Комисијата ќе бидат нејзиното конституирање, а потоа и спроведување на референдумот за името. Деркоски, кој на чело на комисијата доаѓа на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека членовите на ДИК во оваа ситуација не можат да заземаат …

Дерковски: Референдумот ќе биде организиран согласно законите и Уставот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе „командува“ на 30 септември


ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во спроведување на референдумот за името преку претседател и уште еден член во новиот состав на Државната изборна комисија, што се избираше синоќа во парламентот, по неколкунеделна блокада, а откако партиите ги усогласија конечно ставовите околу законите што ги бараше опозицијата. Но, и натаму е неизвесно како најголемата опозициска партија ќе се …

ВМРО-ДПМНЕ ќе „командува“ на 30 септември Read More »

Референдумското прашање стана точка на поделба


Иако постои согласност меѓу политичките чинители дека клучната одлука за прифаќање или за отфрлање на преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција треба да го имаат граѓаните, политичките чинители не можат да се договорат околу формулацијата на референдумското прашање, кое треба да ги (де)мотивира граѓаните да излезат и активно да учествуваат во носењето на исклучително важната …

Референдумското прашање стана точка на поделба Read More »

Партиите се натегаат, роковите газат: Две сценарија за референдумот


Викендот што претстои се најавува во политички кругови како одлучувачки за референдумот за името. Според наши информации, не е исклучено в сабота да се одржи собраниската седница што беше планирана за понеделникот вечерта, а од чие закажување крена раце спикерот Талат Џафери откако по полноќ стана јасно дека нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – …

Партиите се натегаат, роковите газат: Две сценарија за референдумот Read More »

Ќе се саботира и НАТО за да се амнестира старата врхушка


Илија Димовски, како претседател на Комисијата за избори и именувања во парламентот, треба да закаже седница за селектирање на кандидатите што се јавија на конкурсот за избор на членови на ДИК. Неговата партија – ВМРО-ДПМНЕ, пак, треба да избере двајца од кандидатите (а меѓу пријавените 41 има и нејзини членови) и да му ги предложи …

Ќе се саботира и НАТО за да се амнестира старата врхушка Read More »

Почна лидерската средба


Почна лидерската средба во Клубот на пратеници, втора по ред од форматот два плус два. Последни на средбата пристигнаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и Тања Каракамишева. Во Клубот на пратеници се и прениерот Зоран Заев и лидерите на ДУИ и на Беса, Али Ахмети и Билал Касами. Со оглед на тоа дека Заев во …

Почна лидерската средба Read More »

Избори со референдум – последен адут за цензус


Партиите се пикнаа во своите ровови и подготвуваат стратегија пред клучната лидерска средба, која ќе се одржи во понеделник. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се сретна во четвртокот вечерта, а најавени се интензивни разговори и за време на викендот. Од тие причини е откажан митингот во недела во Кичево со образложение дека нема логика на протестот …

Избори со референдум – последен адут за цензус Read More »

СДСМ:Одлуките на граѓаните на референдумот ќе бидат обврзувачки и неприкосновени


Со постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција се отстрани и последната пречка Македонија да добие покана за членство во НАТО и да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во 2019 година. Со договорот Македонија добива иднина, а граѓаните на Македонија добиваат чист терен за подобар живот, соопштија од СДСМ. „Прашањата за членството во …

СДСМ:Одлуките на граѓаните на референдумот ќе бидат обврзувачки и неприкосновени Read More »

Џафери: ДИК ќе се формира, Договорот ќе биде во Службен весник пред референдумот


Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА изразува надеж дека лидерите на политичките партии ќе постигнат договор на претстојната средба во недела навечер или во понеделник и оти нема да биде никаков проблем тоа што е договорено Собранието да се спроведе и до крајот на месецот. Во спротивно, вели тој, ќе продолжи процедурата …

Џафери: ДИК ќе се формира, Договорот ќе биде во Службен весник пред референдумот Read More »

Сугестивно наместо негативно референдумско прашање


Меѓу две опции – дали референдумското прашање да биде негативно или „сугестивно“, со тоа што ќе го стави во прв план членството на Македонија во НАТО и во ЕУ, македонските власти ја одбрале втората варијанта, а со цел и на таков начин да се влијае за успешност на референдумот за името. Извори од владејачкиот табор …

Сугестивно наместо негативно референдумско прашање Read More »

Рандеву со совеста


Александра М. Митевска Во право е поранешниот шеф на дипломатијата Никола Попоски кога вели дека Македонија требаше (или можеше) да го почне скринингот веднаш откако го доби кандидатскиот статус во ЕУ кон крајот на 2005 година. Со оглед на тоа што во тоа време нашата земја беше ѕвезда водилка во регионот на патот кон Брисел, …

Рандеву со совеста Read More »

(Видео) Заев: Не даваме амнестија, ќе му дадеме шанса на дијалогот


Партиите ќе продолжат да разговараат во наредните денови во обид да ги усогласат ставовите околу референдумот и изборот на ДИК, најави премиерот Зоран Заев по завршувањето на денешната лидерска средба во Клубот на пратеници. „Нема компромиси за државните интереси и нема амнестија“, нагласи заев. Тој рече дека очекува решенија на следната лидерска средба, но посочи …

(Видео) Заев: Не даваме амнестија, ќе му дадеме шанса на дијалогот Read More »

Средбата заврши, договорот ќе почека


По безмалку четири часа разговори зад затворени врати, заврши средбата меѓу лидерите на четирите најголеми партии, според информациите, без конкретен договор засега. Не се исклучува разговорите што се водеа и денеска во Клубот на пратеници да продолжат и во наредните денови. Додека се чекаат изјавите на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и …

Средбата заврши, договорот ќе почека Read More »

Посакуван датум за референдум – 30 септември


Владејачките партии преферираат референдумот да се одржи на 30 септември. Овој датум, според наши информации, го посочил и премиерот Зоран Заев на вчерашната лидерска средба во Клубот на пратеници. Сепак, како алтернатива за спроведување на плебисцитарното изјаснување за името е оставена и првата недела од октомври, односно 7 октомври. Доколку има договор за референдум на …

Посакуван датум за референдум – 30 септември Read More »

Попладне лидерска средба за референдумот


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ги покани на средба денеска во 18 часот во Клубот на пратениците лидерите на политичките партии со повеќе од еден пратеник во Собранието. Се очекува на средбата да стане збор за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се …

Попладне лидерска средба за референдумот Read More »

Утревечер лидерска средба за референдумот


Лидерска средба за подготовка на референдумот и за деблокада на процедурите што треба да му претходат најави за утревечер премиерот Зоран Заев. На денешната прес конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан, Заев најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот. – Сите треба да …

Утревечер лидерска средба за референдумот Read More »

Ќе ја одврати ли Хан опозицијата од амнестијата?


Иако средината на овој месец беше планирана како термин за распишување на референдумот за името, тој процес е моментно заглавен, меѓу другото, и затоа што нема кој да го спроведе плебисцитарното изјаснување. Премиерот Зоран Заев изрази вчера подготвеност да ги слушне, како што рече, аргументите на опозицијата во врска со законите за финансирање на партиите …

Ќе ја одврати ли Хан опозицијата од амнестијата? Read More »

Треба ли да славиме воен сојуз


Не стивнуваат реакциите во јавноста по саботната прослава ширум земјата за добиената покана за членство во НАТО. Власта тврди дека на плоштадите низ Македонија излегле десетици илјади луѓе,но сликите оттаму говорат оти бројката е многу поскромна. Пејачката естрада се подели на „патриоти“ и на „предавници“, а опозицијата калкулира дека потрошени се половина милион евра државни …

Треба ли да славиме воен сојуз Read More »

Анѓушев: Референдумот мора да успее


Граѓаните да го поддржат референдумот. Тој мора да успее зошто  Македонија нема друга опција за просперитет и светла иднина. Ваква порака упати вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев синоќа од прославата за поканата за членство во НАТО од Велес. – Ние 25 години гледаме што се случува бидејќи толку години тапкаме во место и …

Анѓушев: Референдумот мора да успее Read More »