Почна лидерската средба


Почна лидерската средба во Клубот на пратеници, втора по ред од форматот два плус два.

Последни на средбата пристигнаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и Тања Каракамишева.

Во Клубот на пратеници се и прениерот Зоран Заев и лидерите на ДУИ и на Беса, Али Ахмети и Билал Касами.

Со оглед на тоа дека Заев во попладневните часови патува за Мостар, не се очекува разговорите да се одолговлечат многу во текот на денешниот ден.

(А.М.М)