(Видео) Заев: Не даваме амнестија, ќе му дадеме шанса на дијалогот


Партиите ќе продолжат да разговараат во наредните денови во обид да ги усогласат ставовите околу референдумот и изборот на ДИК, најави премиерот Зоран Заев по завршувањето на денешната лидерска средба во Клубот на пратеници.

„Нема компромиси за државните интереси и нема амнестија“, нагласи заев.

Тој рече дека очекува решенија на следната лидерска средба, но посочи дека парламентот работи, во меѓувреме, и дека тече процедурата околу измените во Изборниот законик што ги предложи владата, а со кои се предлага членовите на ДИК да се избираат со апсолутно наместо со двотретинско мнозинство. Исто така, нагласи дека се, како што рече, броени деновите за спроведување на референдумот.