Анѓушев: Референдумот мора да успее


Граѓаните да го поддржат референдумот. Тој мора да успее зошто  Македонија нема друга опција за просперитет и светла иднина. Ваква порака упати вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев синоќа од прославата за поканата за членство во НАТО од Велес.
– Ние 25 години гледаме што се случува бидејќи толку години тапкаме во место и сметам дека е време да тргнеме напред. Услов да се тргне напред е ова решение кое го нуди Македонија во соработка со сите меѓународни пријатели. Да не беше подршката од меѓународната заедница и да не беше храброста на државата немаше да дојде до ова.Ј ас им се заблагодарувам  на сите граѓани коишто ова го подржуваат. Воедно се заблагодарувам и на меѓународната заедница, затоа што помогна  во овој период ние како држава и граѓани тоа да го препознаеме. Тоа е историска шанса која треба да ја искористиме. Мислам дека  други вакви шанси нема да имаме, потенцира Анѓушев.
На новинарско прашање за одливот на младите, рече дека мобилноста е нешто што никој не може  да го спречи, посебно сега во 21век , но изрази надеж дека младите луѓе ќе  го осознаат тоа дека и во Македонија може да се направи добар живот.
– Еве јас сум еден добар пример. Потекнувам од работничко семејство од оваа држава па еве сум успеал и повторно да се вратам во родниот град. Мислам дека многу млади луѓе ќе ги препознаат  можностите коишто сега ќе им ги понудиме.Еден дел од нив можеби ќе одлучат дека животот надвор од државата е подобар,ние не можеме да ги спречиме со сила,тука така што ќе им обезбедиме подобри услови за живот, потенцира Анѓушев