Премиерот Заев во прва официјална посета на Косово


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово. Заев ќе се сретне со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, а ќе има средби и со претседателот на Косово Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели. За време на престојот во Косово, македонскиот премиер ќе …

Премиерот Заев во прва официјална посета на Косово Read More »

Заев се чуди кој да биде министер, пациенти се чудат зошто немаат лекови


Кога ќе има министер за здравство за да знаеме кого да прашаме зошто шест месеци го немаме потребниот лек, велат од Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретки болести „Вилсон Македонија“, откако одговор не добиле ниту преку архивата на Министерството. Тие се едно од здруженијата кое од поодамна укажува на состојбите во здравството, …

Заев се чуди кој да биде министер, пациенти се чудат зошто немаат лекови Read More »

Заев ќе гради добри односи со Харадинај


Македонскиот премиер Зоран Заев утре ќе престојува во еднодневна посета на Приштина. Тоа ќе биде прва официјална посета на претседател на македонска влада по прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година. Иако нашата земја беше меѓу првите што ја призна самостојната на оваа поранешна српска покраина, односите меѓу двете држави постојано варираат. Поранешниот премиер …

Заев ќе гради добри односи со Харадинај Read More »

Заев: Од успехот на борбата против корупцијата, зависи успехот на државата


Корупцијата е закана за воспоставување на владеење на правото, а ние презедовме обврска дека во Македонија ќе владее правото. Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата, порача премиерот Зоран Заев во видео обраќање по повод Меѓунaродниот ден за борба против корупцијата. Во него порачува и ги охрабрува сите активно да се …

Заев: Од успехот на борбата против корупцијата, зависи успехот на државата Read More »

Врачена државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2017 година


Во чест на празникот „Свети Климент Охридски“ во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена истоимената државната награда за 2017 година. Добитници годинава се професорот и писател Венко Андоновски и историчарот Наим Алими во областа на воспитанието и образованието, и музичкиот уметник Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и филмологот Илинденка Петрушева во областа на културата …

Врачена државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2017 година Read More »

Заев: Македонија може да биде транспортен центар на Балканот


Македонија сака да учествува во сите регионални проекти и може да биде транспортен центар на Балканот зашто преку неа поминуваат два важни коридора, 8 и 10, истакна македонскиот премиер Зоран Заев на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, што се одржува во Софија. Заев посочи дека преку Македонија со Коридорот 8 се поврзуваат Црното …

Заев: Македонија може да биде транспортен центар на Балканот Read More »

Заев во Софија на конференција за интеграција на Балканот


Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, што се одржува во Софија. На конференцијата што ќе ја отворат бугарскиот премиер Бојко Борисов и главниот извршен директор на Светската банка Кристалина Георгиева, ќе се разговара за гранични олеснувања во регионот, за интензивирање на трговијата, како и за регионални ИТ …

Заев во Софија на конференција за интеграција на Балканот Read More »

Јункер: Македонија во последните 10 месеци постигна извонреден напредок кон ЕУ


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, го нагласи, како што рече, извонредниот напредок што го постигнала Македонија на патот кон членството во ЕУ. „Би сакале да ја инспирираме Република Македонија да продолжи на патот што го избрала. Во последните десет месеци беше постигнат извонреден напредок“, изјави тој пред новинарите по средбата со македонскиот премиер …

Јункер: Македонија во последните 10 месеци постигна извонреден напредок кон ЕУ Read More »

Средба Заев-Јункер: Очекуваме Македонија да стане дел од стратегијата за проширување на ЕУ


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. На средбата премиерот ги искажал очекувањата Македонија да стане дел од Стратегијата за проширување на ЕУ најавена за наредната година. – Сметаме дека имаме доволно добри аргументи за ова наше очекување. Го запознавме претседателот …

Средба Заев-Јункер: Очекуваме Македонија да стане дел од стратегијата за проширување на ЕУ Read More »

Заев: Во новиот пакет за проширување на ЕУ треба да биде и Македонија


Македонската Влада и ЕУ вложија огромни напори за повторно враќање на Република Македонија на брзиот пат кон членство во ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев на дебата во Брисел посветена на Македонија потенцирајќи дека резултати има, но и несомена политичка волја. Македонија, смета тој, треба да биде во новиот пакет за проширување, бидејќи тоа ќе ја …

Заев: Во новиот пакет за проширување на ЕУ треба да биде и Македонија Read More »

Заев – Тајани: Реформите се со видливи резултатите


Премиерот Зоран Заев, на денешната средба во Брисел со претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани искажа задоволството од континуирана поддршка за Република Македонија и за политиката за проширување што ја застапува мнозинството во Европскиот парламент, што постојано се демонстрира преку различни извештаи, изјави и активности од страна на европарламентарците и политичките групи. – Европскиот парламент …

Заев – Тајани: Реформите се со видливи резултатите Read More »

Заев во Брисел на средби со Јункер, со Могерини и со Хан


Премиерот Зоран Заев престојува во дводневна работна посета на Брисел, каде, како што е најавено, денеска ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес …

Заев во Брисел на средби со Јункер, со Могерини и со Хан Read More »

Македонија и Албанија на заедничка владина седница на 15 декември


Владите на Македонија и Албанија на 15 декември во Поградец ќе одржат заедничка седница. Претставниците на Владите на двете држави, како што се наведува во соопштението на македонската Влада, го договориле датумот и местото на одржување на заедничката седница. Повеќе теми е предвидено да бидат разгледани на седницата во Подградец, а во фокусот ќе биде …

Македонија и Албанија на заедничка владина седница на 15 декември Read More »

Заев: Ќе го пополниме испразнетото место во здравство, други рекомбинации нема


Се работи на дебата за пополнување на министерското место во Министерството за здравство, испразнето од сегашниот градоначалник на Гостивар. Сега разговараме како тоа да се пополни и не се работи за некои други рекомбинации на Владата. Не размислуваме во таков правец, изјави денеска премиерот Зоран Заев. – Навистина првичната распределба здравство беше дадено на Алијанса …

Заев: Ќе го пополниме испразнетото место во здравство, други рекомбинации нема Read More »

Заев: За неколку денови ќе ги пополниме испразнетите ресори


Коалициските партнери во Владата ги завршуваат разговорите за пополнување на испразнетите ресори. Премиерот Зоран Заев попладневно најави дека во прашање се денови кога би се објавило името кој ќе го пополни испразнетото место на министерот за здравство. – Граѓаните го очекуваат новиот министер за здравство. Ние сме на крај на разговорите со коалициските партнери, а …

Заев: За неколку денови ќе ги пополниме испразнетите ресори Read More »

Заев : Со Груевски разговаравме за проблематичните прашања и апсењата


Премиерот Зоран Заев изјави дека синоќешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски што ја имал во кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов поминала конструктивно и оти тема на разговорите, како што соопштија и од кабинетот на Иванов, и како што изјави денеска и Груевски, била нормализација на политичките процеси по апсењето на триесетина лица инволвирани …

Заев : Со Груевски разговаравме за проблематичните прашања и апсењата Read More »

Иванов ноќеска ги викнал Заев и Груевски


Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ноќеста во неговиот кабинет одржал средба со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Кабинетот на Иванов соопшти дека тема на средбата биле актуелните случувања и можните решенија за „излез од состојбата на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните“. -Целта на средбата беше да …

Иванов ноќеска ги викнал Заев и Груевски Read More »

„Чајна Енерџи“ најави учество во проекти во Македонија


Премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим денеска во Будимпешта оствариле средба со Динг Јанжан, потпретседател на Бордот на директори на „Чајна Енерџи“ и со други претставници на менаџментот на компанијата. – Од компанијата која има отворено свое претставништво во Скопје истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во секторите енергетика и транспорт. Компанијата …

„Чајна Енерџи“ најави учество во проекти во Македонија Read More »

Заев: Одлуката на БПЦ e исклучително позитивна


Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ја оцени како исклучително позитивна. „Како православен верник сум радосен, но уште еднаш ќе повторам Македонија е секуларна држава. Ние не сакаме да се мешаме во …

Заев: Одлуката на БПЦ e исклучително позитивна Read More »

Заев на Самит во Будимпешта


Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на шестиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Кина со земјите од Централна и Источна Европа. Во официјалната делегација на Република Македонија на самитот, што ја предводи премиерот Заев се и Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Крешник Бектеши, министер …

Заев на Самит во Будимпешта Read More »