Македонија и Албанија на заедничка владина седница на 15 декември


Владите на Македонија и Албанија на 15 декември во Поградец ќе одржат заедничка седница.

Претставниците на Владите на двете држави, како што се наведува во соопштението на македонската Влада, го договориле датумот и местото на одржување на заедничката седница.

Повеќе теми е предвидено да бидат разгледани на седницата во Подградец, а во фокусот ќе биде унапредување на заемната соработка во повеќе области.

Владата на премиерот Зоран Заев на 23 ноември во Струмица одржа заедничка седница со бугарската Влада.