Јункер: Македонија во последните 10 месеци постигна извонреден напредок кон ЕУ


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, го нагласи, како што рече, извонредниот напредок што го постигнала Македонија на патот кон членството во ЕУ.

„Би сакале да ја инспирираме Република Македонија да продолжи на патот што го избрала. Во последните десет месеци беше постигнат извонреден напредок“, изјави тој пред новинарите по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел.

Според зборовите на Јункер, сите земји од Западен Балкан имаат европска перспектива. „Во наредните осум-девет месеци ќе одлучуваме како да продолжиме понатаму со секоја од нив“, истакна претседателот на Еврокомисијата.

Жан Клод Јункер ја нагласи потребата да се задржат земјите од регионот на патот кон членство во ЕУ поради безбедноста на цела Европа.

Пред тоа тој рече и дека очекува проширување на Унијата од 2019 до 2024 година, откако Велика Британија ја напушти Заедницата. Јункер неколкупати изјави дека во рамките на досегашниот мандат, кој истекува во 2019 година, нема да има проширување на Унијата.