Приходите во Буџетот наплатени од Царината зголемени за седум проценти


Приходите наплатени од Царинската управа (ЦУ) во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или седум проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска ЦУ. Според директорот на Царинската управа Стефан Богоев, резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината. Растот на царинските приходи значи поголеми приливи во …

Приходите во Буџетот наплатени од Царината зголемени за седум проценти Read More »

МФ: Приходите во Буџетот во првиот квартал повисоки од лани и во рамки на планираното


Министерството за финансии соопшти дека во првиот квартал од годинава се реализирани приходи во износ од 69,4 милијарди денари што е за 4,8 проценти повеќе во споредба со тој период лани и 22,4 проценти од планираното со Буџетот за годинава. Расходите се реализирани на ниво од 83,9 милијарди денари што е 24,4 проценти од планираното …

МФ: Приходите во Буџетот во првиот квартал повисоки од лани и во рамки на планираното Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги блокираат платите на вработените во градинките, училиштата и администрацијата во Карпош


Поради блокадите на ДПМНЕ и Левица загрозена е работата на градинките, училиштата и администрацијата на општина Карпош, изјави советникот од редовите на СДСМ во оваа општина, Владимир Бислимовски. На последната седница на Советот на општина Карпош, вели тој,  ДПМНЕ и Левица не само што го блокираа донесувањето на Буџетот туку ја блокираа и одлуката за времено …

ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги блокираат платите на вработените во градинките, училиштата и администрацијата во Карпош Read More »

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година


Собранието во рамките на денешното продолжение на 135. седница со 63 гласови „за“, без гласови „против“ и со 25 гласови „воздржан“ го донесе Буџетот за 2024 година кој е во вкупен износ од 5,5 милијарди евра. Едногласно со 87 гласа „за“ Собранието го донесе и Законот за извршување на буџетот. Вкупните приходи во 2024 година …

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година Read More »

Дополнетиот предлог Буџет пред пратениците


Пратнеиците во Собранието денеска во рамки на 135 седница ќе расправаат за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година – второ читање. По амандаманската расправа во законодавниот дом, Владата на 18 декември го утврди текстот на Дополнетиот предлог буџет. Во него се вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во …

Дополнетиот предлог Буџет пред пратениците Read More »

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2024 година, одбиени 47 амандмани


Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница разгледа вкупно 47 амандмани за Предлог-буџетот за 2024 година поднесени од опозициските партии, најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ, и сите ги одби. Седницата продолжува утре во 11 часот. За Предлог-буџетот се поднесени вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и …

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2024 година, одбиени 47 амандмани Read More »

Амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2024: Се бара пониско ДДВ за огревното дрво, за струјата…


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почна разгледувањето на амандмани за Буџетот за 2024-та година, откако вчера заврши општиот претрес. За Предлог-буџетот поднесени се вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. На денешниот прв ден беа разгледани три амандмани и од страна на претставниците …

Амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2024: Се бара пониско ДДВ за огревното дрво, за струјата… Read More »

За Предлог – буџетот за 2024 година поднесени се 272 амандмани, 250 се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата


Претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Бојан Стојаноски на прес-конференција информира дека од денеска почнува разгледувањето на амандмани за Буџетот за 2024-та година во матичното тело. Тој соопшти дека вкупно се поднесени 272 амандмани, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. -Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за овој Предлог …

За Предлог – буџетот за 2024 година поднесени се 272 амандмани, 250 се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Read More »

ДЗР: Општина Струмица не наплаќа комунални такси, но ги ослободила од плаќање МПЦ и ИВЗ


Советот на Општина Струмица донел одлуки6 со кои МПЦ – ОА Струмица и ИВЗ ги ослободил од плаќање на надоместок за утврдување на правен статус на бесправни објекти (цркви и џамии) во вкупна вредност од 1.404 илјади денари, што не е во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, стои во Ивештајот на …

ДЗР: Општина Струмица не наплаќа комунални такси, но ги ослободила од плаќање МПЦ и ИВЗ Read More »

Собранието ја усвои Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 година


Во Собранието денеска во рамки на 126. седница е усвоена Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 година, за која „за“ гласаа 62 и 10 воздржани пратеници. Со Одлуката се прераспределуваат 18,2 милиони за исплата на повисоките плати, зголемени пензии, регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор,  социјални права, субвенции …

Собранието ја усвои Предлог-одлуката за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 година Read More »

Дополнително ќе биде закажано гласањето за Предлог-одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници


Пратениците попладнево во рамки на продолжението на 126. пленарна седница ја завршија расправата за Предлог-одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски соопшти дека за гласањето по оваа точка пратениците дополнително ќе бидат информирани. Министерот за финансии Фатмир Бесими во обраќањето истакна дека главна …

Дополнително ќе биде закажано гласањето за Предлог-одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници Read More »

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството


  Предлог-одлуката за распределување на средства помеѓу буџетските корисници е одлука за реалокација на средства за исплата на зголемените плати за вработените во јавниот сектор, од овој месец, нешто што е договорено со синдикатите, исплата на зголемените пензии за 6% за пензионерите од октомври, што е согласно методологијата што ја утврдивме заедно, средства за социјални …

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството Read More »

Николоски: Оваа година ќе биде рекордна по реализација на капиталните инвестиции


Заменик министерот за финансиии Филип Николоски денеска, пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, рече дека оваа година ќе биде рекордна по реализација на капиталните инвестиции. Со реалокацијата на буџетските средства, истакна Николоски, не се скратени 300 милиони евра во делот на капиталните инвестиции како што тврди опозицијата, туку износот е намален за 75 милиони …

Николоски: Оваа година ќе биде рекордна по реализација на капиталните инвестиции Read More »

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи ребалансот – се крати од зелениот фонд, одбраната, градинките…


 ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи Предлог- одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, за која денеска почнува расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Ова денеска го изјави Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во прес-салата на Собранието.  – Формално ова не е ребаланс иако …

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи ребалансот – се крати од зелениот фонд, одбраната, градинките… Read More »

Со реалокација на средства се обезбедија пари за плати, земјоделски субвенции, здравство и образование


  Зголемување на ставката плати во јавниот сектор за 4,25 милијарди денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за раст на пензиите, дополнителни 800 милиони денари за земјоделски субвенциии, дополнителни средства за здравството и образованието. Ова се само дел од проекциите предвидени со одлуката за прераспределба на годинашниот Буџет што ја донесе Владата на денешната седница. Како …

Со реалокација на средства се обезбедија пари за плати, земјоделски субвенции, здравство и образование Read More »

До сега реализирани 60 отсто од приходите во Буџетот планирани за годинава


Имаме добра реализација на планот за годинава кај Буџетот по сите основи и имаме поголема реализација за периодот јануари – август во споредба со минатата година, оцени денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Нагласи дека реализацијата на вкупните приходи во Буџетот за 2023 година досега е 60,04 отсто, кај данокот на личен доход е 61,7 …

До сега реализирани 60 отсто од приходите во Буџетот планирани за годинава Read More »

Професор Борче Треновски: Новиот предлог-буџет на Битола е потребно да се стави на седница, отворено продискутира и да се коригира


  БИТОЛА – Новиот предлог-буџет на Општина Битола треба да се разгледува на нова седница, каде ќе биде неопходно клучните засегнати страни – Градоначалникот и советниците да направат консензус – па истиот да се коригира и да се врати назад во Министерство за финансии, порачува универзитетскиот професор Борче Треновски, разгледувајќи ја најновата ситуација во Битола …

Професор Борче Треновски: Новиот предлог-буџет на Битола е потребно да се стави на седница, отворено продискутира и да се коригира Read More »

Можен е ребаланс на Буџетот во септември


Ако се оцени дека е потребно, можно е во септември да има ребаланс на Буџетот, рече вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.    Како што истакна Бесими во интервју за телевизија Сител, досега средствата се реализираат според планот, а во Буџетот се обезбедени и 225 милиони евра за антикризни мерки кои стојат како резерва. -Досега, …

Можен е ребаланс на Буџетот во септември Read More »

Германскиот министер за финансии: Буџетот за одбрана треба да се зголеми


Буџетот за одбрана на Германија ќе мора да се зголеми „во следните години“, изјави министерот за финансии на земјата Кристијан Линднер во интервју за „Велт ам Зонтаг“. Тој во четврток го одложи претставувањето на првиот предлог-буџет, но се очекува в среда јавно да ги соопшти буџетските планови и финансиските проекции до 2027 година. Во интервјуто …

Германскиот министер за финансии: Буџетот за одбрана треба да се зголеми Read More »

Бајден го потпиша американскиот буџет за фискалната 2023 година


Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша буџетот за фискалната 2023 година, објави Белата куќа. Бајден го потпиша законот, што беше усвоен од Конгресот минатата недела. Сумата е 1,7 трилиони долари со која ќе се финансирање на федералните институции до октомври 2023 година, ќе се зголеми буџетот на Министерството за одбрана и ќе обезбеди дополнителна помош …

Бајден го потпиша американскиот буџет за фискалната 2023 година Read More »