ДЗР: Општина Струмица не наплаќа комунални такси, но ги ослободила од плаќање МПЦ и ИВЗ


Советот на Општина Струмица донел одлуки6 со кои МПЦ – ОА Струмица и ИВЗ ги ослободил од плаќање на надоместок за утврдување на правен статус на бесправни објекти (цркви и џамии) во вкупна вредност од 1.404 илјади денари, што не е во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, стои во Ивештајот на Државниот завод за ревизија.

Со ваквото постапување од страна на Советот на општината, ставени се во повластена положба верските субјекти во однос на останатите, а со тоа се придонесува за помалку остварени приходи во Буџетот на општината, додава државниот ревизор.

ДЗР ивршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Струмица, сметка на основен буџет (630), за 2022 година.

Со извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година, а мислење со резерва за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Од страна на Државниот завод за ревизија извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Општина Струмица, сметка на основен буџет (630), за 2015 година, во кој е изразено неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеност со закони и прописи.

Ревизијата изврши проверка на спроведување на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2015 година на Општина Струмица и утврди дека од дадените седум препораки, три препораки се спроведени, две препораки не се спроведени, една е во тек на спроведување и една препорака е делумно спроведена.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Општина Струмица, сметка на основен буџет (630) за 2022 година, констатирани се следниве состојби:
– побарувањата не се реално и објективно прикажани, не е утврденa старосната структура и можноста за нивна наплата, како и не се преземаат дополнителни активности за присилна наплата;
– општината не остварува приходи по основ на комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места;
– остварени се помалку приходи по основ на надоместок за утврдување на правен статус на бесправни објекти, општината не остварува приходи по основ на надомест за одржување на јавното градско зеленило, нема стратегија за подигање на ново зеленило, а истото се финансира од програмата за уредување на градежно земјиште;
– нецелосно се наплатува комуналната такса за привремен престој и не се реализираат активности за општа туристичка пропаганда и информативна дејност за подобрување на условите за престој на туристите.

Со цел подобрување на состојбите, ревизијата даде препораки за преземање на мерки
и активности заради надминување на утврдените состојби.

Во делот Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет, ревизијата извести за судските спорови во кои Општина Струмица е странка во постапките и за обврската на општината предвидена со измената на Законот за даноците на имот почнувајќи од 01.01.2022 година да изврши ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот која претставува даночна основа на данокот на имот, на секои четири години.

Во делот Останати прашања ревизијата ги истакна системските слабости во законската регулатива и потребата од нивно надминување со цел комплетност и точност на остварените приходи кај општините кои се однесуваат на:
– не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со моторни возила на сметка на општината;
– не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија кое врши наплата на таксата за користење и одржување јавно осветлување од имателите на броила да ги известува општините за бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број, како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ;
– законската обврска за усогласување на состојбата на регистарот на недвижности со регистарот кој го води Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија.

Од страна на градоначалникот на Општина Струмица не се доставени забелешки на
Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор.

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ И
РЕВИЗИЈА НА УСОГЛАСЕНОСТ ЗА 2022 ГОДИНА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

 

КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ И
РЕВИЗИЈА НА УСОГЛАСЕНОСТ ЗА 2022 ГОДИНА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

СМЕТКА НА ПРИХОДИ НА БУЏЕТ НА ДОТАЦИИ (930)

СМЕТКА НА РАСХОДИ НА БУЏЕТ НА ДОТАЦИИ (937)