Автобус на ЈСП и „пунто“ се судрија на „Партизанска“


Попладнево се случи сообраќајна незгода на булеварот „Партизански одреди“, кај библиотеката „Браќа Миладиновци“. Во незгодата учествувале автобус на ЈСП со број 19 и автомобил „фиат пунто“. Наводно, во автобусот имало патници, но никој не побарал помош, што значи нема повредени.

Две привремени автобуски линии поради Саемот на книга


Од денеска до 10 мај 2023 година во редовниот линиски превоз се вклучени две привремени линии кои сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“, каде се одржува „Саем на книга 2023“. Тоа се линиите 100 и 200, првата сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. Како што информира ЈСП „Скопје“, цените на автобуските билети се редовни, […]

Автобус од Србија се преврте во Унгарија: 15 повредени, меѓу кои и деца


Тешка сообраќајна несреќа се случи во саботата наутро на автопатот 53 во Унгарија, кога дури 15 лица беа повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград. Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи. На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец и потоа се превртел […]

Делчево – град чии граѓани полесно стигнуваат до Европа, отколку до Скопје


Повеќе од две години жителите на Делчево немаат можност да користат меѓуградски автобуски превоз. Најпогодени се најсиромашните, кои за лекување или за да завршат административна работа во центрите како Штип или Скопје, се принудени да патуваат со такси. Само за едно патување, овие луѓе трошат половина, па и цела месечна социјална помош. Пограничното Делчево, кое […]

Автобус удри во градинка во Канада, загинаа две деца


Градски автобус денеска удри во градинка во канадскиот град Лавал, северно од Монтреал, при што загинаа две деца. Шест деца завршија во болница. Возачот на автобусот (51) е уапсен и обвинет за убиство и возење во пијана состојба. Полицијата сè уште утврдува зошто возачот на автобусот удрил во градинката. Градоначалникот на Лавал, Стефан Бојер, рече […]

Малолетно девојче физички нападнато во автобус број 57


Малолетно девојче е нападнато во автобус на ЈСП со број 57, но и 32-годишен скопјанец кој се обидел да ја одбрани. Според информациите од полицијата, нападнат бил и 32-годишен скопјанец кој се обидел да ја одбрани малолетничката. „На 07.02.2023 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во автобус бр.57 на […]

Тешка сообраќајка во Турција: Автобус излета од патот, осум загинати и 35 повредени


Најмалку осум лица загинаа, а околу 35 се повредени, од кои четворица во критична состојба, кога меѓуградски автобус излетал од автопат во западниот турски округ Афионкарахисар, изјави гувернерот на Кубра, Гуран Џигитбаси за државните медиуми. Возачот изгубил контрола над возилото, изјави Џигитбаси, пренесе ТРТ. Патничкиот автобус сообраќал од Дијарбакир на истокот на земјата кон Бодрум […]

Студентите да продолжат да ги користат билетите за бесплатен превоз, ако сакаат бесплатно да се возат и следната година


Ги потсетуваме корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2023 година, доколку сакаат да користат бесплатно јавен превоз и во текот на наредната година. Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот […]

Судот му даде рок до 5 декември на Бирото за супервештачењето за Ласкарци


 Претседателот на судечкиот совет кој го води предметот со К.бр. 1407/19, поврзан со автобуската несреќа која се случи кај селото Ласкарци и претседателот на Кривичниот суд, денеска остварија средба со претставници и роднини на оштетените лица во случајот. Надлежниот судија и претседателот, како што информираат од Основниот кривичен суд, се согласни со претставниците на оштетените […]

Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот нема пари


Нема договор помеѓу приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје поради немање средства за исплата. Директорот на претпријатието, Ленин Јовановски, најави дека тие линии кои не сообраќаа денеска нема да сообраќаат и утре, а за другите линии ќе се одлучи по средбата со превозниците. – Иако состанокот беше напорен и траеше толку долго […]

ЈСП вклучува свои автобуси да ги „покрие“ линиите на кои не возат дел од приватните автобуски превозници


ЈСП „Скопје“ денеска вклучува дополнителен број на автобуси за на тој начин да ги „покрие“ линиите на кои приватните автобуски превозници од „Макекспрес“ не возат, поради долгот кој го има Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Станува збор за линиите 19, 20, 52, 54 и 22 кои превезуваат патници од Шуто Оризари, Ржаничино, Волково и Колонија […]

Средношколци од „Васил Антевски – Дрен“ вршеа едукација во јавниот превоз


Под мотото „Патуваме заедно, учиме одговорност, сигурна безбедност“, триесетина ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во текот на вчерашниот ден се возеа на повеќе линии од јавниот превоз и им помагаа на старите и изнемоштени лица и на мајките со мали деца при користење на превозот. Ова беше само дел од акцијата по иницијатива […]

Австрија: Товарен воз удри во училишен автобус


Во околината на Пфлах во провинцијата Тирол утринава се случи тешка несреќа во која товарен воз удри во училишен автобус, а во судирот се повредени возачот на автобусот и две деца. Судирот меѓу возот и автобусот се случил на ниво на премин, кој не е обезбеден со рампа. Портпаролот на Австриските железници (OeBB) Кристоф Гасер-Ејер […]

Арсовска се заканува со автобуси на ЈСП пред Влада и пред институции


Јавниот превоз во Скопје е под неколкудневни закани. Најпрво синдикатот излезе со предупредување дека доколку не им се исплати септемвриската плата, нема да возат по скопските улици. Но, откако од градот најавија дека деновиве ќе биде исплатена платата, штрајкот беше откажан.  Сепак, денеска најпрво генералниот секретар на Градот, Зоран Глигоров, со поддршка од новиот директор […]

Повредени две патнички откако возач на автобус од ЈСП нагло закочил


Возач на автобус од ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рамка, при што повредени се две патнички во автобусот. Од Министерството за внатрешни работи, информираат за деталите околу случајот. -На 04.10.2022 во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Скопје, И.М.(42) од с.Чифлик, скопско, управувајќи автобус на ЈСП нагло […]

Патничка паднала од автобус на ЈСП


Во средата, во 11.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, М. В. (66) од Скопје, при симнување од автобус на ЈСП паднала и добила тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Градоначалникот на Гази баба ќе ги спречува тепачките во автобусите на ЈСП


Во последните неколку дена, во автобусите кои поминуваат низ Ченто, Синѓелиќ до Стајковци се случиле инциденти, односно тепчаки меѓу млади луѓе, поради што градоначалникот Бобан Стефковски го свикал Советот за превенција. – Изминатите неколку денови во континуитет се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП кои поминуваат од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци. Во инцидентите се […]

Обвинение против скопјанец чиј автобус дваесет пати поминал граница со фалсификувана лиценца


 Основното јавно обвинителство од Скопје денеска поднесе обвинение против 41-годишен скопјанец, управител на фирма од Рашче, поради тоа што во текот на 2021 година, со лажна лиценца за вршење на меѓународниот патен сообраќај, негов автобус преку возачи 20 пати ја преминал државна граница. -По спроведена опсежна претходна постапка и направените детални проверки, јавен обвинител од […]

Се запалил автобус со ученици и наставници на „Стража“


Синоќа се случил пожар во автобус со ученици, но за среќа нема повредени. Според СВР Охрид, околу 19:20 часот пријавено е дека на патниот правец Стража-Кичево настанал пожар во автобус во движење, сопственост на туристичка агенција од Куманово. -Во автобусот се превезувале ученици и наставници. Пожарот е изгаснат од противпожарна единица, а повредени лица нема, […]

Турција: Најмалку еден загинат и осуммина повредени во експлозија на автобус кој превезувал затворски чувари


 Автобус кој превезувал затворски чувари во западна Турција е кренат во воздух со импровизирана експлозивна направа, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Анадолија. „Еден од нашите чувари загина кога импровизирана експлозивна направа беше активирана со далечински управувач додека автобусот се движеше на патот Бурса-Мудања. Во тек е истрага за да се фатат […]