Тешка сообраќајка во Турција: Автобус излета од патот, осум загинати и 35 повредени


Најмалку осум лица загинаа, а околу 35 се повредени, од кои четворица во критична состојба, кога меѓуградски автобус излетал од автопат во западниот турски округ Афионкарахисар, изјави гувернерот на Кубра, Гуран Џигитбаси за државните медиуми.

Возачот изгубил контрола над возилото, изјави Џигитбаси, пренесе ТРТ.

Патничкиот автобус сообраќал од Дијарбакир на истокот на земјата кон Бодрум на запад, пишува Ројтерс.