Автобус на ЈСП и „пунто“ се судрија на „Партизанска“


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Попладнево се случи сообраќајна незгода на булеварот „Партизански одреди“, кај библиотеката „Браќа Миладиновци“.

Во незгодата учествувале автобус на ЈСП со број 19 и автомобил „фиат пунто“.

Наводно, во автобусот имало патници, но никој не побарал помош, што значи нема повредени.