Училишен автобус со 79 ученици се судри во Србија, десетина повредени (ФОТО)


Автобус со 79 ученици од Футог, кои оделе на екскурзија до Тршиќ, се судрил со автомобил во Шабац, Србија.

Кај десет деца и водичи се констатирани полесни повреди во болницата во Шабац. Возачот на автомобилот е уапсен.

Несреќата се случила околу 9.20 часот. Истрагата е завршена, а по поправка на автобусот децата се враќаат дома.

 

„Имавме судир на пат во Шабац, човек скокна пред нашиот автобус од правец во кој не требаше, за среќа автобусот возеше бавно бидејќи возачот влегуваше во градот, така што штетата е мала. Имаат полесни повреди десет деца“, вели наставникот по музика во основното училиште Десанка Максимовиќ во Футог, Ѓорѓе Курјак.

Д-р Лука Јанковиќ вели дека сите се донесени во стабилна општа состојба.

„Сметаме дека моментално сите повреди се полесни, пет-шест се отпуштени од овде, за другите пет моментално се поставува дијагноза“, рече Јанковиќ.

Според него, сите повреди се набиеници од контузивен тип, дел биле погодени во градниот кош, дел во екстремитети, раце, нозе, само возачот бил полесно повреден бидејќи во моментот на судирот стоел и удрил во шофершајбната со неговото тело.

Истрагата ја спроведе обвинител на Основното јавно обвинителство и нареди апсење на возачот на автомобилот (77) поради загрозување на јавниот сообраќај.