Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ в среда во ДПМ


Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се одржи во среда, на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, во 19 часот.

Добитничка на годинашното признание, кое го доделува Фондација „Славко Јаневски“, е писателката Оливера Ќорвезироска за романот Три Марии, објавен од Арс Либрис.

„Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска е Роман на годината за 2025 (фото)

Одлуката ја донесе петчлено жири во состав: Калина МалескаИвана ТрајаноскаИван АнтоновскиИван Шопов и Катерина Богоева.

На конкурсот, кој годинава се одржа по 27-ми пат, пристигнале 46 романи, а жирито одлуката ја донело по повеќекратна селекција на делата.

За музичката програма на свеченоста ќе биде задолжен Диџеј Шурбе.

Наградата се состои од статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари што ги доделува генералниот покровител Комерцијална банка АД Скопје.