Студија: Една доза вакцина го намали ширењето на заразата во британските старечки домови


 

Само една доза од вакцината притив корона вируст им пружи на корисниците на англиските старечки домови значителна заштита, објавија британските научници.

Според студијата која ја водеа научници од Универзитетот колеџ во Лондон, една доза од вакцината „Астра/Зенека/Оксфорд“ или „Фајзер/Бионтек“ спречила 56 отсто од заразите по четири недели о 62 отсто на заразата по пет недели.

Помала заразност по вакцинирањето

Научниците, исто така, пронајдоа силни докажи кои покажуваат дека заразноста е помала откако луѓето биле вакцинирани. Анализираните примероци покажале дека позитивните тестови содржеле помалку вирусен материјал 28 дена по првата доза вакцина.Кај луѓето кои претходно се заразиле со корона вирусот утврдено е дека немало некоја разлика во смисла на нивото на заштита по примањето на вакцината.

Но, научниците напоменуваат дека само 11 отсто од учесниците во истражувањето претходно биле заразени, па потребно е дополнително истражување за да се утврди делотворноста на вакцината во нивниот случај.

Лаура Шелкрос, лекар од Институтот за здраствена информатика, која го спроведувала истражувањето, вели дека тоа се спроведувало кај позаразната варијанта на вирусот, британската варијанта, затоа што била поприсутна во примероците собрани во домовите за стари лица.Затоа, заклучува, дека вакцината е делотворна против тој сој.