Состојбата во Србија вонредна – повеќе од 15.000 новозаразени, починаа 54 пациенти
Според последните податоци, во соседна Србија за 24 часа регистрирани се 15.425 нови случаи корона вирус од 34.778 тестирани.
Од последиците на болеста починаа 54 пациенти.
Ситуацијата во моментот е вонредна, со тенденција да стане уште посериозна, предупредуваат епидемиолозите. Посебно загрижува тоа што вирусот забрзува, а процесот на имунизација успорува. Пред само еден месец позитивни на корона вирус во просек беа 1.804, а сега осум пати повеќе.
Тогаш на лекување во болница беа нешто повеќе од 2.000 луѓе, а на респиратор 89 pacijenata.
Сега ситуацијата е поинаква – во болница се лекуваат 3.488 пациенти, од кои 145 се на респиратор.
Освен тоа, откако почна второто полугодие на учебната година, зголемен е бројот на деца кои доаѓаат на преглед и се очекува пораст на заразени, тврдат лекарите.