Со стадо од 4.000 овци и 50 коњи убаво се живее – приказната на Насер Џемаили
Насер Џемаили од Тетово, по струка технички ветеринар, а наскоро и правник, со сточарство се занимава од мали нозе.
„Сточарството ни е фамилијарен бизнис, јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум и покрај големите пречки да продолжам да ја развивам фармата. Пред четири години почнавме да се занимаваме и со рурален туризам, отворивме коњички клуб и организираме тури со коњи низ цела Шара“, вели Насер.
Фармата на Насер и неговото семејство, „Биофарма 1 Мај“, брои 4080 овци и повеќе од 50 коњи и, како што вели Насер, е единствена во Македонија што има толкав број овци. На фармата, освен членовите на семејството, имаат и 25 вработени. Прочитајте го целиот текст во „Агротим“.