Сиљановска и Гутереш разговараа за евроинтеграцијата


 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, му посочила дека во случајот со македонската евроинтеграција не смее да се дозволи билатерализацијата да стане камен на сопнување за проширувањето на Европската унија.

Според соопштението од нејзиниот кабиент Гутереш „искажа лутина поради пречките коишто Северна Македонија ги има на патот кон Европската унија“. Порачувајќи дека е голем почитувач на македонската евроинтеграција, во разговорот тој ја потенцирал својата лична солидарност за напорите на земјата да биде дел од ЕУ и дека македонската евроинтеграција треба да се случи колку што е можно побрзо.