Шведската амбасада ја прослави Света Луција во Скопје


Шведската амбасада во Скопје, почитувајќи ги сите протоколи за ковид, вчера во Македонската опера и балет ја организираше традиционалната прослава за Света Луција (шведска Нова Година).

Ова е еден од најважните и најромантични настани на шведскиот календар поради поворката на млади облечени во бели наметки и црвени појаси, кои носат свеќи и пејат традиционални песни.

На прославата беа поканети дипломати, високи функционери, новинари и други гости кои уживаа во светлосните ефекти и во традиционалната шведска храна.