Шефицата на колумбиската дипломатија Сарабија поднесе оставка

Министерката за надворешни работи на Колумбија, Лаура Сарабија денеска поднесе оставка поради несогласување со некои одлуки на Владата.
– Мојата оставка е резултат на длабоко размислување, мотивирано од одговорноста што ја чувствувам пред мојата совест, пред земјата и пред начинот на кој го разбирам вршењето на јавната власт, наведе Сарабија во писмо испратено до претседателот на Колумбија, Густаво Петро.
Оставката на Сарабија, која ја извршуваше функцијата од 25 јануари, уследи откако Петро ја суспендира нејзината одлука за продолжување на договорот со приватна компанија за изработка на пасоши. Сарабија инсистираше на продолжување на договорот со приватна компанија, со образложение дека колумбиската Национална печатница нема да биде подготвена во септември, како што бараше Петро.
Петро сака да го раскине договорот со приватната компанија што ги печатеше пасошите во 2023 година, но Министерството за надворешни работи веќе двапати го продолжи тендерот бидејќи Националната печатницата не беше подготвена.