Се вжештува трката на авиопревозници на Балканот, „Луфтханза“ воведува летови до Скопје
Летово „Луфтханза“ воведува летови до Скопје и го зголемува бројот на летови до Белград, Дубровник, Љубљана, Сараево и Загреб. „Визер“ ги зголемува фреквенциите кон исток од Сараево, пишува порталот Екс-Ју авиејшн .
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ летово ќе ги зголеми своите операции низ Балканот на седум пазари во регионот, воведувајќи нови и зголемувајќи го бројот на летови на постоечките линии. Летово „Луфтханза“ воведува летови до Скопје и го зголемува бројот на летови до Белград, Дубровник, Љубљана, Сараево и Загреб.
Конкуренција ѝ е групацијата „Ер Франс“ – КЛМ, особено на хрватскиот и словенечкиот пазар, каде што француско-холандскиот конгломерат се шири и добро работи, особено со трансферните патници во САД, Канада и Западна Европа, пишува Екс-Ју авиејшн (Ex-Yu Aviaiton).
Исто така, „Ер Србија“ ја гради својата улога на пазарот преку опции за трансфер на регионалните пазари со нови услуги на долги релации кон САД и Кина.
Каде се нискобуџерите?
Во исто време со најавите на „Луфтханза“, пристигнуваат информации дека и „Визер“ ќе го зголеми бројот на летови меѓу Абу Даби и Сараево. Летовите ќе бидат секој ден од 26 март со „Ербас А321 нео“ со 239 седишта.
Што покрива „Луфтханза“?
„Луфтханза“ најави дополнителни три неделни летови меѓу Франкфурт и Сараево, што би значело дека овие два града од летово ќе имаат авионска врска десет пати неделно.
„Луфтханза“ успеа да го зголеми бројот на превезени патници меѓу Германија и Србија, тренд што тие очекуваат да продолжи.
Хрватска останува упориште за Групацијата „Луфтханза“ благодарение на блиското партнерство со „Кроација ерлајнс“. Германскиот авиопревозник планира да одржи до 68 неделни летови до земјата ова лето, пренесува.
Во Љубљана, „Луфтханза“ сочинуваше 15 отсто од патничкиот сообраќај, а предничат трансферите во Лондон (Хитроу), Амстердам, Берлин, Хелсинки, Прага и Осло.
Новина е воведувањето на скопскиот аеродром во понудата. За три месеци „Луфтханза“ до два пати дневно ќе одржува летови до Скопје.
Авиопревозникот претходно се пофали со летови до македонскиот главен град пред две децении, кои во негово име ги одржуваше „Сирус Ервејс“.
„Луфтханза го нуди Скопје за прв пат од 23 април и ќе го поврзува главниот град на Северна Македонија до два два пати на ден. Летовите се планирани да бидат атрактивни и за деловните патници и за туристите. ‘Луфтханза’ ја зајакнува својата позиција во Источна Европа додавајќи го Скопје“, соопштија од авиокомпанијата.
Опциите за трансфер до и од Канада се покажуваат како популарни кај македонските патници на „Луфтханза“.