Се појавија првите фотографии на крстосувачот „Москва“ како гори
На социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од оштетениот крстосувач „Москва“ пред да потоне. Иако никаде не е потврдено дека на фотографиите е Москва, експертите велат дека нема премногу сомнежи:
„Ова се чини дека е автентична фотографија од ‘Москва’ откако е погодена од украински проектил“, напиша на Твитер Роб Ли од Одделот за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон.
И OSINTtechnical, добро познат профил на Твитер кој споделува разузнавачки информации со отворен код, напиша: „Не можам да ја потврдам автентичноста, но ова е крстосувач од класата ‘Слава’ и мислам дека ниту еден од нив не е уништен на ваков начин“.
Украина вели дека го потопила бродот со ракетен напад, а Русија дека потонал по пожар.