Русија: Снежна лавина затрупа група туристи, загина девојче


 

Од руското министерство за вонредни состојби потврдија дека 38 луца, главно малолетни деца, биле загрозени од снежна лавина, но успешно се евакуирани.

ТАС пренесе дека освен оваа група турсити, евакуирана е и група туристи која одела по истата рута отако нивниот водач донесол одлука да сопре.

„Во акцијата во која учествуваа 48 професионални спасувачи и користена е специјална опрема, вкупно 38 лица превезени се во привремен камп, вклучително и 31 малолетни деца, Поради влошување на временските услови, донесена е одлука загрозените луше со железница да се пренесат во градот Апатити“, соопшти министерството, наведува агенцијата.

ТАС порано пренесе дека снежна лавина падналана група туристи во Мурманската област во понеделникот навечер, а локалните власти потврдија дека тројца тинејџери останале заглавени во снегот, од каде двајца набрзо се спасени, додека едно девојче починало, јавува агенцијата.