Рудар од Танзанија стана милијардер преку ноќ
Танзаниски рудар пронајде редок сино-темновиолетов скапоцен камен, познат како „танзанит“, тежок над шест килограми.
Пронаоѓачот Саниниу Лајзер (52) во јуни на овој начин стана милијардер, откривајќи два слични скапоцени камења. Сега најде уште еден.
Наодот се проценува на 4,7 милијарди танзански шилинзи или околу два милиона долари.
Лајзер, инаку, има 30 деца. Со своите пари, тој има намера да помогне при изградба на нови училишта, болници, како и модернизација на својот сточарски имот.
Танзаниската Влада го засили обезбедувањето на областа Манијара, каде што се пронајдени трите камења, поради опасност од диви копачи.