Ријана и Леди Гага во трка за Оскар за најдобра оригинална песна


САД- Леди Гага и Ријана се номинирани за Оскар 2023 во категоријата за најдобра оригинална песна.

Целосниот список за годинешните награди Оскар беше објавен денеска (24 јануари), а церемонијата ќе се одржи на 13 март во театарот Долби во Лос Анџелес.

Гага е номинирана за песната „Hold My Hand“  од филмот „Топ ган: Маверик“, а Ријана за  „Lift Me Up“ во  филмот Black Panther: Wakanda Foreve.

Други номинирани во категоријата се „Naatu Naatu“ на Рахул Сиплигуњ и Каала Бхаирава од RRR, „Applause“ на Софија Карсон – напишана од легендарната текстописец Дајан Ворен – од Tell It Like A Woman и „This Is A Life“ на Сон Лукс од  Сè насекаде одеднаш.

Ова е прв пат Ријана да биде номинирана за Оскар, додека на Гага ова и е четвртата номинација 

На доделувањето на Оскарите, вообичаено е номинираните за најдобра оригинална песна да ги изведат своите песни на сцена. Допрва треба да се потврди дали Гага и Ријана ќе учествуваат на гала доделувањето.