Разорен земјотрес во Јапонија: Луѓето се кријат под масите (видео)


Разорен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија, јавува EMSC.

Епицентарот бил во близина на островот Кјушу.

Јапонските власти издадоа предупредување за цунами, а првите слики се појавија на социјалните мрежи.

На едно видео снимено во канцеларија се гледа како се тресе внатре – столици, монитори, додека луѓето се обидуваат да се сокријат под масите.

На друго видео се гледаат предмети како паѓаат од полиците, додека шишињата се кршат и се истураат на подот.

Не се знае дали има повредени и колкава е материјалната штета.