Радев ги налути Американците со изјавата за Крим
о вториот круг од претседателските избори, американската амбасада во Бугарија издаде специјално соопштение за пораките на претседателот Румен Радев во дебатата со противкандидатот Атанас Герџиков минатиот четврток. Во соопштението се наведува дека има длабока загриженост во Вашингтон и дека тоа им било изразено на властите во Софија и на бугарската амбасада во САД.
На дебатата на 18 ноември, Радев, кој во неделата доби нов петгодишен мандат, по неколкуте обиди да се изјасни за својот став за Крим рече: „Во моментов е руски, каков да е? “
Во петокот во Пловдив тој се обиде да појасни по прашањата на новинарите, велејќи: „Нема драма, прашањето е јасно. Анексијата на Крим е кршење на меѓународното право“. Потоа, сепак, додаде дека има нијанси во политиката и повтори: „Но, во моментов Крим е руски“.
Во денешното соопштение на американската амбасада се вели:
„Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени поради неодамнешните изјави на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во кои тој го дефинираше Крим како „руски“.Соединетите Американски Држави, Г-7, Европската Унија и НАТО секогаш биле јасни и обединети, дена наспроти обидот на Русија да го припои и тековната окупација, Крим е украински“.